33% попуст за Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда во ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидеа.
Тироидна жлезда е ендокрина жлезда во облик на пеперутка која е изградена од два лобуси и се наоѓа во долниот преден дел на вратот.
Оваа жлезда лачи хормони кои влијаат на повеќе метаболички функции на организмот.
Доколку дојде до морфолошки промени на жлездата, може да се појават јазли со различна големина кои често не предизвикуваат симптоми. Во повеќето случаи, присуството на тироидни јазли може да се открие преку ултразвучен преглед со кои се откриваат големината, морфологијата и васкуларизацијата на јазолот.
Доколку постои сомневање за малигна промена на јазолот пациентите се упатуваат на тенкоиглена аспирациона биопсија.
Тенкоиглена аспирациона биопсија на тироидната жлезда е постапка со која се отстрануваат клетки од суспектниот јазол, чија мофрологија микроскопски се анализира и според тоа се проценува опасноста на промената.
Резултатите ги добивате за 1 до 4 работни дена.
