17% попуст за Спермограм - анализа на семена течност
17% попуст за Спермограм - анализа на семена течност Original price was: 1.200,00 ден.Current price is: 999,00 ден.
Back to products
Категорија

23% попуст за PSA тест на простата

До следните нови понуди:
-- Денови
-- Часа
-- Минути
-- Секунди
Регуларна цена
650 ден.
Цена со попуст
500 ден.
Попуст
23%
Заштедуваш
150 ден.
Искористи го попустот веднаш!
Васил Ѓоргов бр. 4, близу Водњанска, Скопје
📍 Прикажи на Google Maps

PSA тест на простата во ПЗУ „Индус Медика“

Простата е орган, дел од репродуктивнот систем кај мажите со големина на костен, сместена под мочниот меур. Промените и заболувањата кои настануваат на овој орган најчесто се поврзани со возраста на мажот и се јавуваат после 40 тата година. Затоа е многу важно да се прават редовни испитувања на истата со цел навремено откривање и превенирање на заболувањата на простата. Препораките се секој маж после 40 тата година да прави испитувања на функцијата на простата преку испитување на PSA ( Простата специфичен антиген ) еднаш годишно.

Дијагностичката лабораторија Индус Медика врши испитување на PSA на најсовремена апаратура и тестови со што се гарантираат точни и прецизни резултати. Нашиот високо стручен тим ќе се погрижи да ги добиете Вашите резултати во најбрз можен рок истиот ден.

За испитување на оваа анализа не се потребни посебни припреми на пациентот. Испитувањето на простата специфичниот антиген се врши преку крв. Нашиот стручен тим ќе се погрижи да не осетите болка и нелагодност во текот на венската пункција.

Простата специфичниот антиген ( PSA ) во крвта е застапен во две форми: Тотална PSA ( T PSA ) и слободна PSA ( free PSA ).

Дијагностичka лабораторија Индус Медика препорачува испитување и следење на овие два тумор маркери за рано откривање на патолошките состојби кои можат да се појават на простата.

Нормалните вредности за Т PSA изнесуваат до 4 ng/ml, а на f PSA до 0.04 ng/m.

Зголемени вредности на овие два параметри ( T PSA и f PSA ) можат да укажат на воспаление на простата ( простатитис ), бенигна простатачна хиперплазија BPH (зголемена простата), како и на канцерогени промени на самата простата. Токму заради овие состојби многу е важно да се прави редовен скрининг на простата преку испитување на овие два параметри за нивно рано откривање и навремено третирање.

• Здравјето пред се.