Добивате:
• 1 третман за лумбален синдром и болки во кичмата со времетраење од 60 минути (третманот е комбинација од електро терапија, ултразвучна и кинезитерапија).
• Ослободување од болките во кичмата и грбот.
Појаснување:
• Потребна е претходна резервација на 02/ 2466 - 021 или 070/ 338 - 754
• Ваучерот важи и за мажи и за жени.
• Ваучерот може да се користи веднаш.
ул. Владимир Комаров 20/4 нас. Аеродром
(во црвената кула на семафоритекај слаткарница „Палма“)
Центар за физикална и кинезитерапија „LASER MED“
Цервикална спондилоза е термин кој означува оштетување на зглобовите во вашиот врат, исто така познат како вратен остеоартрит. Оваа состојба вообичаено се јавува кај индивидуи постари од 40 години и прогредира со тек на процесот на стареење.
Како што стареете коските и рскавицата кои го формираат вратниот дел на `рбетниот столб постепено пропаѓаат, понекогаш формирајќи неправилни коскени израстоци наречени остеофити. Паралелно настанува постепена дехидратација (сушење) на меѓупршленските дикуси кои имаат улога на „амортизер“ на вратниот `рбет. Понекогаш следува пролабирање на мекиот дел на дискусот помеѓу два пршлени (односно хернирање на дискусот), при што тој врши компресија врз корените на нервите кои излегуваат од `рбетниот мозок, а кои се во негова непосредна близина или пак врз самиот `рбетен мозок.
Овие промени кои се карактеристични за вратната спондилоза, се јавуваат кај сите луѓе во текот на стареењето. До 30 годишна возраст кај многу индивидуи на рентген снимките се јавуваат знаци за вертебрална и дискална дегенерација, но и покрај тоа симптомите најчесто не се јавуваат се до доцната адултна возраст во животот.
Многу од луѓето кај кои промените се евидентни на рентген снимки немаат тегоби поврзани со болеста (болка, чувство на вкочанетост, мускулни спазми). На другиот крај на спектарот се пак пациенти кај кои вратната спондилоза напредува до степен што при кој настанува вратна радикулопатија или вратна миелопатија.
Без соодветен третман,знаците и симптомите на вратната спондилоза може да прогредираат или пак да се повлечат. Целта на третманот е да се намали болката и да се превенира перманентно оштетување на нервите или `рбетниот мозок. Полесните случаи на вратната спондилоза може да одговорат на примање на аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекарства за обезболување, миорелаксанти, вежби за зајакнување на вратната мускулатура. Понекогаш носењето на вратна имобилизација ја намалува болката, но докажано е дека таа доведува до слабеење на вратната мускулатура и поради тоа треба да се избегнува. Физикална терапија, односно вежби со цел зајакнување на мускулатурата и истегнување на мускулите на вратот и рамењата, лесни аеробни вежби како пешачење, пливање може да помогнат.
Може да ве интересираат и следниве понуди:

Kupinapopust.mk - нас.Центар
Ултрасоничен уред за одбрана од агресивни кучиња

Kupinapopust.mk - нас.Центар
Перелини во боја или дезен по Ваш избор

Хотел „Friends“ 3* Банско
Термин - 01.03 - 31.03.2019 год.

T.A Фибула Травел, Скопје
7 или 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз

Хотел „Finlandia“ - Пампорово
Термин. 18.02 - 31.03.2019 год.

Студио за убавина „La Sensa“ - Нас. Центар
25% попуст на сите фризерско - козметички услуги

Lerni - Онлајн курсеви
1 + 1 гратис за 4, 8 или 15 месечен Online Курс по англиски, шпан...

Др. Петровски - Апицентар
Лесновски прополис од 20мл 30% екстракт или Лесновски прополис од...

Mobi Smart
E-Table масичка за лаптоп

Фитнес центар „Power Plate Studio MK“
24 Power Plate третмани со личен тренер со времетраење од 1 месец...

Kupinapopust.mk - нас.Центар
Руски поларни машки хулахопки

„Boerner - Germany“
Никотин СТОП од 12 или 36 филтри

Спортски боречки клуб „КАПУЕРА“ - Нас. Центар
Капуера фит тренинзи за деца и возрасни
