8-ми Март во Истанбул! Само 5270 ден. (85 евра) за 5 дена / 2 ноќевања за 1 лице со појадок во хотел Hamidiye со 3* + организиран превоз со високотуристички автобус + туристички водич преку Т.А „Atlantis“ - (07.03 - 11.03.2019 год.)

Со купување на овој ваучер добивате 50 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  07.03.2019  до  31.03.2019 

Добивате:
 5 дена / 2 ноќевања за 1 лице со појадок
 Сместување во двокреветни соби во Хотел Hamidiye 3*
 Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Професионален туристички придружник од агенцијата
• Организација и реализација на програмата
• Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина!
Појаснување:
 Ваучерот е валиден во период од 07.03 - 11.03.2019 год.
По уплатата Ве молиме пишете ни Име и презиме на патниците, број на пасош како и телефон за контакт на admin@kupinapopust.mk
За било која информација во врска со аранжманот побарајте нѐ на 078 439 829 или на 070 732 842


 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Панорамски разглед на Истанбул - европски и азиски дел со локален водич и автобус - 18 евра
- Крстарење по Босфор - 20 евра
- Yerebata Sarayi - Подземната цистерна (влезница + локален водич) - 10 евра
- Вечера на брод - ноќно крстарење по Босфор (предјадење, главно јадење, неограничени пијалоци, шоу) - 40 евра
- Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич) - 18 евра
- Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 15 евра
- Посета Долма Бахче Сарај - (трансфер + влезница + локален водич) - 30 евра
- Посета на минијатурниот парк - Miniatur Istanbul (трансфер + влезница + локален водич) - 10 евра
- Посета на Saphire Seyir Terasi - (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 20 евра
- Патничко осигурување
 kupinapopust е посредник при резервација на аранжманот, трговец е фирмата Т.А Atlantis
Програма на патувањето:
 1 ден (07.03.2019 - Четврток) Скопје - Струмица - Грција      
- Состанок со групата во Скопје. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински
формалности.
 2 ден (08.03.2019 - Петок) Истанбул (Панорамски разглед, Крстарење по Босфор, Египетски пазар) 
- Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој. Пауза на азискиот дел на местото Чамлиџа (Camilica Hill) каде ќе уживате во панорамскиот поглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул, во комбинација со турско кафе или чај или пак традиционалното благо Ашуре (познато како благото на Дедо Ное). Сместување во хотел. Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат европскиот и азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1.5 до 2 часа. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг. Индивидуално враќање во хотел. Слободно време за индвидуални активности. Ноќевање.
 3 ден (09.03.2019 - Сабота) Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Подземница и Вечера на брод)
- Појадок во хотел. По појадокот е предвиден разглед со локален водич и посета на Сината џамија (бесплатен влез доколку е отворен за посетител), Аја Софија (факултативно - со доплата), Посета на Топ Капи палатата (факултативно - со доплата) - музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, чиј изглед датира уште од времето на Сулејман Величествениот. Посета на подземната цистерна на базиликата (Yerebatan Sarayı) која го снабдувала Константинопол со вода во време на Византискиот период (факултативно – со доплата). Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна вечера на брод (вечера и ноќно крстарење по Босфор). Враќање назад во хотел со организиран трансфер. Ноќевање.
 4 ден (10.03.2019 - Недела) Истанбул (Долмабахче, Сафир Сеир Тераси)     
- Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство (факултативно – со доплата). Посета на минијатурен парк - Miniaturk (факултативно – со доплата, на површина од 60000 м2, кој воедно претставува најголем минијатурен парк во светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од градот Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, со размер од 1:25. Заминување кон највисоката зграда во Европа (236 m) - Sapphire Seyir Terasi, каде ќе уживате во панорамскиот поглед на Истанбул од врвот на истата, како и можност за четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер.

Ул. Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, Скопје
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк

kupinapopust е посредник при резервација на аранжманот, трговец е фирмата Т.А Atlantis со седиште на ул. Димитар Влахов бр. 18 - Струмица и ЕДБ MK4429016101231

ДТУ ДООЕЛ Атлантис Струмица - 
е приватна туристичка агенција, основана на 24-ти мај, 1995 година. Атлантис е постојана членка на IATA (International Air Transport Association) и СКТМ (Стопанска комора за туризам на Македонија), исто така е активен постојан член на разни асоциации и здруженија сврзани со туристичката дејност. Атлантис поседува А лиценца за вршење на туристичка дејност. 
Т.А. Атлантис одсекогаш завзема солидно место и сериозен пристап во туристичката дејност. Од своето постоење, па до денес Атлантис е препознатлива агенција по својот перманентен растеж во речиси сите сфери на локално и меѓународно рамниште. Се одликува со ексклузивни и висококвалитетни аранжмани и квалифициран кадар за различни профили. 

Истанбул - Истанбул е еден од најживописните градови на планетава. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Но, никогаш не можете да дознаете сѐ за овој раскошен град на Босфор...


Во Средниот век, кога Истанбул бил дел од Отоманската Империја, во градот имало преку 1.400 јавни тоалети, во време кога тоалети не постоеле дури ни во кралските палати во најголемите европски кралства.
Во Истанбул е изградено третото најстаро метро во светот, кое постои од 1875 година. Постари се само метрото во Лондон (1863) и во Њујорк (1868).
Во историјата, Истанбул бил главен град на: Римската Империја, Византиската Империја, Латинската Империја и Отоманската Империја. А сепак, во денешно време, Анкара е главен град на Турција.
Четирите бронзени коњи кои денес ја украсуваат катедралата Сан Марко во Венеција биле украдени од Истанбул во 13. век од Крстоносците.
Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиство во Ориент Експрес“ во хотелот Пера Палас во Истанбул, откако самата била патник на познатиот воз кој сообраќал од Париз до Истанбул во периодот од 1883 до 1977 година.
Големиот пазар во Истанбул (Капали Чаршија) е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3.000 продавници.
Истанбул зафаќа површина колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.
Речиси без исклучок, сите жители на Истанбул се жалат еден за друг, за сообраќајниот метеж, за начинот на кој се прават работите итн., но никој не сака да си замине оттаму.
„Почвата и камењата во Истанбул се златни“. Оваа позната парола од 50-те години на 20. век донела огромен број луѓе од селата во овој магичен град.
Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот и единствената која служи како музеј за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Ноќевање во апартман за 2, 3, 4 или 6 лица / Термин - 22.08 - 15.11.2019 год. - 21%
Вила и апартмани „Природа“ - Берово
Ноќевање во апартман за 2, 3, 4 или 6 лица / Термин - 22.08 - 15....
Уште 5 дена и 2 ч.
 
1 ноќевање за двајца со појадок + СПА / Термин - 19.08 - 31.08.2019 год. - 27%
Хотел & СПА „Тино“ - Св. Стефан, Охрид
1 ноќевање за двајца со појадок + СПА / Термин - 19.08 - 31.08.20...
Уште 5 дена и 2 ч.
 
Депилација со топол восок на нозе и интима - 56%
Фризерско - козметичко студио „Стеси“ - нас. Аеродром
Депилација со топол восок на нозе и интима
Уште 5 дена и 2 ч.
 
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска и релакс) во салонот за масажа 'Серџо'
- 61%
Салон за масажа „Серџо“
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска и релакс) во...
Уште 5 дена и 2 ч.
 29/50 Купувачи