Добивате:
• Книга насловена "Мистериите на Гинковата улица" која е наменета за деца и е од едукативен карактер.
• Kомбинација од логички загатки и графичка новела.
• Напишана е од страна на Урош Петровиќ, српски книжевник и писател.
• Издавач: Центар за едукација и советување.
Појаснување:
• Производот се подига од канцелариите на "kupinapopust" на улица Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, во тунелчето позади Мc Donalds, веднаш наспроти АМСМ испитниот центар. Доколку имате проблем да не најдете слободоно јавете се на 075 340 547 за да ви појасниме. (Ве замолуваме пред да дојдете да го подигнете производот, јавете ни се за да ја провериме достапноста).
• За оваа понуда не е задолжително печатење на ваучерот. Доволно е да го покажете единствениот код од ваучерот преку вашиот мобилен телефон.
• Производот се подигнува од канцелариите на kupinapopust.mk
• Kupinapopust канцеларии, раб. време од 09:00 до 17:00 часот секој работен ден ( викенди и празници не работиме ) - Мапа
Писателот Урош Петровиќ
Урош Петровиќ, книжевник, претседател на МЕНСА Србија, роден е на 8 април 1967 година. Автор е на првиот роман со епска фантазија на српски јазик ,,Авен и јазопес во Земјата на Вауците“, кој самиот го илустрирал. Објавил збирка приказни за возрасни ,,Приказни од онаа страна“, потоа серијал на едукативно-забавни книги ,,Загатливи приказни“, за кои ја добил наградата Невен за популаризација на науката, како и Доситеево перо, награда што ја доделува најголемото детско жири, две години по ред. Според овие книги се работи и дел од програмата НТЦ-систем на учење, креативни работилници во основни училишта и други образовни институции. Книгата ,,Мистериите на Гинковата улица“, комбинација од логички загатки и графичка новела, ја објавил во 2008 година, а денеска ја имаме и на македонски јазик.
На листата на решавачи на најтешкиот IQ ,,X-тест“, Урош Петровиќ го зазема четвртото место во светот.Запознај ја зеленокосата Марта, девојчето што живее во необичната Гинкова улица и има уште понеобично хоби - да открива тајни и да разрешува мистерии.
Знаш ли и ти да ги решаваш? Сакаш ли да се пробаш себеси во овој возбудлив занает?
Придружи ѝ се на Марта и пробај да ги решиш овие мрачни, интересни и несекојдневни случаи. Ако ти се причини дека некој од нив е тежок, Марта ќе ти помогне, и тоа на еден таен начин.
Е да, и ова е многу важно: не смееш да се плашиш од темница, змии и сенки.
А сега, само храбро, напред во улицата на треперливи светилки и скришни катчиња!
ISBN: 978-608-4772-00-2