Со купон од 59 ден. добивате 10% попуст на целиот асортиман во „Mr. Bricolage“! Не пропуштајте!!!

Со купување на овој ваучер добивате 5 "kupinapopust" поени.

Купи за 59 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • 43/50 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  09.07.2018  до  30.09.2018 

ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ
Добивате:
 10% попуст на целиот асортиман.
 Превземете го најновиот каталог и дознајте повеќе за сите поволности кои ги нуди хипер-маркетот Mr.Bricolage, наменети за Вашиот дом и градина.
Појаснување:
 Понудата не важи за производите од каталогот кои се веќе на попуст!!!


Ул. Перо Наков бр.106
Гази Баба 1000 Скопје
Покажи ми го патот
Тел: 02 3217 980
Работно време
пон-саб: 8:30 до 21:00ч
нед: 9:00 до 19:00ч
Facebook
WEB


ПРЕВЗЕМИ КАТАЛОГ
Mr. Bricolage e француски ланец на „направи сам“ хипермаркети кој со својата традиција, професионалност и директен пријателски пристап комплетно го промени „направи сам“ секторот во Франција. Компанијата која постои уште од далечната 1964 година, го изгради препознатливото име и ја стекна довербата од клиентите преку континуирана и долгорочна соработка со своите партнери и добавувачи, како и преку постојаната обука и инвестирање во своите вработени. Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 m2, Mr.Bricolage спаѓа меѓу најдобрите 4 „направи сам“ маркети на глобално ниво.
Не земајќи ги предвид продавниците во Франција, во Mr. Bricolage секој месец влегуваат по 500.000 клиенти, кои велат дека Mr. Bricolage им е „омилен продажен ланец поради пријатната атмосфера, добрата услуга и удобноста при купувањето“. Тоа се купувачи од Белгија, Романија, Бугарија, Србија, Мароко, Маурициус, Уругвај, Андора, Мадагаскар,а веќе и во Македонија.
Успехот и подемот на компанијата се должи на професионалниот пристап, политиката за обука на вработените и силната посветеност кон воспоставување на врвни стандарди во работењето кои на купувачите им гарантираат стандардизирана услуга и еднаков квалитет на производите во сите продавници на Mr.Bricolage.
Високите стандарди, пријателската услуга и врвно обучениот кадар кој е секогаш подготвен да помогне не се единствените причини заради кои потрошувачите ширум светот со години наназад се одлучуваат да купуваат во Mr.Bricolage. Позитивното искуство на клиентите е надополнето и со големиот избор на артикли од асортиманот наменет за уредување на домот, градината како и за опремување на вашата работилница. Во Mr.Bricolage во Скопје, купувачите ќе имаат широк избор од над 20.000 артикли распоредени на површина од 3000 м2во категории како електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, сè за уредување на градината и др. Сите производи се внимателно одбрани така што со своите карактеристики ги задоволуваат стандардите за квалитет по добри цени.
Тоа што го издвојува од останатите маркети и поставува нови стандарди и навики е што во Mr.Bricolage потрошувачите на едно место ќе можат да добијат и бројни услуги кои ќе им го поедностават животот и ќе им заштедат значајно време. Дел од тие услуги се: испорака на купената роба, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење на рамки за слики во димензии по желба на купувачот, мешање на бои и др.
Се ова се надоврзува на филозофијата на компанијата која го става купувачот во центарот на својот свет и му овозможува преку практични совети, не само да ја исполни својата замисла за уредување на домот и градината, туку и да заштеди на сите активности кои ќе се одлучи да ги заврши сам. Целта не е да се продаде повеќе, туку да се оствари искрена комуникација со потрошувачите за да може да се пронајде ефикасно и практично решение за нивните идеи, проекти и замисли.
Хипермаркетот Mr.Bricolage е лоциран во близина на Универзитетот ФОН на раскрсницата на улиците Перо Наков и Булевар „Војводина“. Сместен е во објект на Скопски Пазар кој се наоѓа во индустриската зона во населба Ќерамидница. Самата локација овозможува лесен и брз пристап со автомобил од било која населба во Скопје и едноставен пристап за купувачите од другите градови поради фактот што се наоѓа на мало растојание од Булеварот „Александар Македонски“. Дополнително хипермаркетот располага и со бесплатен паркинг за 200 возила со што на купувачите им е олеснето доаѓањето и купувањето без непотребно губење време на споредни активности.



Може да ве интересираат и следниве понуди:

18 ефективни третмани за слабеење (6 crazy fit третмани, 6 боди врапинг и 6 вакуум системи) - 82%
Салон за убавина „Refresh“, Капиштец
18 ефективни третмани за слабеење (6 crazy fit третмани, 6 боди в...
Уште 5 дена и 5 ч.
 
Релакс масажа на грб со органско кокосово масло - 65%
Салон за убавина „Refresh“, Капиштец
Релакс масажа на грб со органско кокосово масло
Уште 5 дена и 5 ч.
 
Фото - епилација на надусници, пола нозе или интима - 50%
Салон за убавина “Lady M“ - под Железничка станица
Фото - епилација на надусници, пола нозе или интима
Уште 5 дена и 5 ч.
 
Tрпезариска маса MELLTORP
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Tрпезариска маса MELLTORP
Уште 5 дена и 5 ч.
 14 Купувачи
„Ikea“
Kupinapopust.mk - нас.Центар
„Ikea“
Уште 5 дена и 5 ч.
 
Лампа за таван LYSBOJ
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Лампа за таван LYSBOJ
Уште 5 дена и 5 ч.
 2 Купувачи
Со купон од 150 ден. и доплата од 1340 ден. (21.5 евро) добивате 1 ноќевање за 1 лице со вклучен појадок, ручек и вечера + користење на СПА центарот / Термин (01.10 - 31.10.2018 год.) - 59%
Хотел „GRAND ROYALE Hotel & Spa“ Банско
Со купон од 150 ден. и доплата од 1340 ден. (21.5 евро) добивате ...
Уште 4 дена и 13 ч.
 12 Купувачи
Плафоњерка PULT
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Плафоњерка PULT
Уште 5 дена и 5 ч.
 3 Купувачи
Чистење забен камен со пескарење, обработка на парадонтални џепови и полирање на забите до висок сјај - 65%
Стоматолошко - естетско студио „Diamond S Dental“ - Тафталиџ...
Чистење забен камен со пескарење, обработка на парадонтални џепов...
Уште 4 дена и 13 ч.
 2 Купувачи
Пломбирање со нано композитна порцеланска пломба или менување на стара амалгамска (метална) пломба со нова  - 56%
Стоматолошко - естетско студио „Diamond S Dental“ - Тафталиџ...
Пломбирање со нано композитна порцеланска пломба или менување на ...
Уште 4 дена и 13 ч.
 1 Купувач
Избелување на заби со професионална ласерска ламба (3 сеанси) + полирање за природен изглед, без промени на структурата на забот - 83%
Стоматолошко - естетско студио „Diamond S Dental“ - Тафталиџ...
Избелување на заби со професионална ласерска ламба (3 сеанси) + п...
Уште 4 дена и 13 ч.
 1 Купувач