11-ти Октомври во Словенија! 8618 ден. (139 евра) за 5 дена/ 2 ноќевања за 1 лице со посета на Љубљана - Блед - Бохињ - Постојна во период од 10.10 - 14.10.2019 год. заедно со Т.А „Savana“

Со купување на овој ваучер добивате 60 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  10.10.2019  до  28.02.2021 

Добивате:
 5 дена / 2 ноќевања за 1 лице
 Посета на Љубљана - Блед - Бохињ - Постојна
 Превоз со автобус на наведената релација
 Туристички придружник за време на реализација на аранжманот
 Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
 Туристичка такса во хотелот
 Панорамски разглед на Љубљана со локален водич
 Попатна посета на Постојна (резервација и уплата на влезница, во агенцијата)
 Организација на аранжманот
Појаснување:
 Се патува со високотуристички автобус
 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
Целодневен факултативен излет до Блед и Бохињ 25 евра за возрасни и 15 евра за деца до 12 год.
- Влезница за разглед на дворецот и пештерата во Постојна 35 евра
- Патничко здравствено осигуривање (информација во агенцијата)
Програма на патувањето:
 10.10.2019 (четврток) - СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот „Holiday Inn” во 17:30 часот. Поаѓање за Љубљана во 18:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Хрватска, со попатни застанувања и одмори.
 11.10.2019 (петок) - ЉУБЉАНА
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Прешерновиот и Рибниот плоштад, Тромостовјето, Универзитетот, Робовата фонтана, Змејскиот мост... Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во попладневните часови, можност за факултативно крстарење по реката Љубљаница низ стариот дел од градот. Ноќевање.
 12.10.2019  (сабота) - ЉУБЉАНА - БЛЕД - БОХИЊ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Љубљана, или ден за факултативен излет до езерата Блед и Бохињ. Бледското езерото-бисерот на словенечките Алпи, обиколено со високите планински масиви, карактеристично е и по малиот остров на кој е изградена црквата посветена на Света Марија. Можност за индивидуални прошетки крај езерото, посета на бледската тврдина со прекрасен поглед кон езерото и околината, како и дегустација на познатата локална кремпита. Излетот продолжува кон Националниот парк Триглав и посета на Бохињскоро езеро. Ова планинско езеро е воедно и најголемото природно езеро во Словенија. Враќање во Љубљана во вечерните часови. Ноќевање.
 13.10.2019 (недела) - ЉУБЉАНА - ПОСТОЈНА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и од градот, кон прочуената Постоjинска јама. По пристигнувањето во Јамскиот град, разглед на величествениот Предјамски дворец, изграден врз 123м. висока карпа, врз кој опстојува повеќе од 700 години. Неговиот романтичен изглед го дополнува и рекичката Локва, која под дворецот понира во поземјето. По разгледот на мистичниот дворец, посета и на Постоjинската јама – една од најпознатите пештери во светот. Долга 24км и исполнета со прекрасни пештерски украси од сталагмити и сталактити, таа сеуште го чува живиот пештерски свет, како и траговите од некогашниот човечки живот во неа. Низ големиот број на пештерски сали и ходници, разгледот се реализира со електричен воз,а низ најубавите и најбогатите, прошетката е поткрепена и од локалниот кустос. Бидејќи температурата во јамата, преку цела година е 10°C, препорачуваме во неа да се понесе и потопла гардероба. Заминувањето од Постојна е во попладневните часови. Патот кон Македонија води преку Хрватска и Србија со попатни застанувања и одмори.
 14.10.2019 (понеделник) - СКОПЈЕ
- Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.
 Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 45  патници.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и САВАНА
Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
 Пред да го купите ваучерот, Ве молиме пишете  ни на емаил -  admin@kupinapopust.mk за да проверите дали има слободни места. Откако ќе Ви потврдат дека има слободно место, го купувате ваучерот и повторно пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk Име и Презиме, број на пасош, кодот од ваучерот и контакт тел. Не е потребно да одите лично во агенцијата, туку на денот на тргање потребно е да го прикажете ваучерот во автобус. Можете да го прикажете од вашиот мобилен телефон или таблет. Не е задолжително да го имате испечатен ваучерот.


Ул. Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, Скопје
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк
 Пред купувањето на ваучерот пишете на е-маил admin@kupinapopust.mk
 Доколку поради било која причина, патувањата или турите се откажат или не се реализираат, ќе добиете комплетно рефундирање на уплатените средства!


Kupinapopust е посредник при организацијата и реализацијата на патувањето. Организатор е Т.А „Savana“

Т.А „Savana“

САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот.

Солун
Близината до Скопје, морето, понудата на добри попусти и уникатни производи го прави овој град идеално место за еднодневни екскурзии.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Tons Garden Стол на расклопување 10099 - 32%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Стол на расклопување 10099
Уште 6 дена и 8 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 6 дена и 8 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 6 дена и 8 ч.
 
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007 - 17%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007
Уште 6 дена и 8 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 6 дена и 8 ч.
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 6 дена и 8 ч.
 7 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 6 дена и 8 ч.
 2 Купувачи
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 6 дена и 8 ч.
 5 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 6 дена и 8 ч.
 2 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 6 дена и 8 ч.
 10 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 6 дена и 8 ч.
 1 Купувач
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 6 дена и 8 ч.
 1 Купувач
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 6 дена и 8 ч.
 
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty - 42%
Ina Beauty
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty
Уште 6 дена и 8 ч.
 1 Купувач
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty - 40%
Ina Beauty
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty
Уште 6 дена и 8 ч.
 1 Купувач