Нова Година во Букурешт и откривање на мистичната Трансливанија! 8060 ден. (130 евра) за 3 ноќевања за 1 лице со појадок во Хотел „Sir Orhidea 2**“ + организација на Новогодишна прослава на плоштадот со превоз заедно со Т.А „STAFF“

Со купување на овој ваучер добивате 47 "kupinapopust" поени.

Купи за 8060 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  28.12.2018  до  01.01.2019 

Добивате:
 3 ноќевања за 1 лице со појадок
 Сместување во Хотел „Sir Orhidea 2**“ 
 Автобуски превоз Скопје - Романија - Скопје
 Разглед на градот - Букурешт со водич
 Трансилванија тура – Посета на замокот Бран со придружник
 Посета и разглед на градот Брашов
 Туристичка такса
 Пратител во текот на целото патување
 Организација на Новогодишна Прослава на плоштад со превоз
 Раскажете една поинаква Новогодишна приказна.
 Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.
Појаснување:
 Понудата е за 1 лице за 3 ноќевања и е валидна само за Нова Година во период од 28.12 - 01.01.2019 год.
 Цената не вклучува:
- Организирана вечерна факултативна посета на стариот дел на градот со превоз и придружник - 5 евра.
- Влезница во замокот Бран - регуларна цена 8 евра / за студенти 5 евра.
- Синаиа тура - Посета на местото Синаиа и замокот Пелеш 25 евра факултатива / за студенти 20 евра
- Патничко осигурување - 180 денари
Дочек на Нова Година во дискотека
Напомени:
 За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
 Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд
 Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
 Програма на птувањето:
- 28.12.2018 Петок - Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.
- 29.12.2018 Сабота - Очекувано пристигнување во утринските часови во Романија и директно се упатуваме кон замокот Бран. БРАН “домот на Дракула” Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј - посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. 
БРАШОВ По разгледот на Замокот Бран се упатуваме кон готскиот град Брашов, лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско - ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242год. Слободно време за прошетка. После прошетката се упатуваме кон хотелот во Букурешт. Сместување во вечерните часови. Ноќевање.
- 30.12.2018 Недела - Појадок. Во 09:30 часот се упатуваме кон Синаиа и замокот Пелеш– (Факултатива – 25 евра). Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. По разгледот на оваа магична палата, во попладневните часови се враќаме во Букурешт. 22:00–#CITY MADNESS – Организирана прошетка во стариот дел на градот популарен по многубројните барови и кафулиња. Заеднички ќе посетиме повеќе барови, ноќен клуб, со организиран превоз и придружник – (Факултатива – 5 евра) Ноќевање.
- 31.01.2018 Понеделник - Појадок, 09:00 и се упатуваме на разглед на Букурешт со локален водич. Плоштадот на Револуцијата Во 10 часот одиме на разглед на Букурешт со водич. Плоштадот на Револуцијата е почетното место на нашата тура од кое се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Calea Victoriei Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква - Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес, со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква. Куртија Веке Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti, се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал. Парламентот Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. 15 мин. слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Вечерна организација: ·22:00 –WARM UP & FIREWORKS Придружување на атмосферата на еден од плоштадите во Букурешт. Дочек на Нова Година 2018 во Букурешт со огнено шоу. 00:30 – НОВА ГОДИНА 2019 – AFTER PARTY Забава до утринските часови во популарен, локален ноќен клуб (факултатива) 4:30 – превоз назад во хотел. Ноќевање.
- 01.01.2019 Вторник - Доцен појадок во хотел и се упатуваме во трговски центар каде што имаме слободно време околу два часа. Во 14:00 часот тргнување за Македонија.. Очекувано пристигнување во Скопје, раните утрински часови во среда.
 kupinapopust не е организатор на патувањето, туку само посредник при реализација на аранжманот. Организатор на патувањето е T.A „STAFF“
Постапка за превземање на ваучерот:
 Пред да го купите ваучерот, Ве молиме јавете се на тел. 078/ 439 829 или пишете на admin@kupinapopust.mk за да проверите дали има слободни места. Откако ќе Ви потврдат дека има слободно место, го купувате ваучерот и повторно се јавувате во агенцијата за да кажете Име и Презиме, број на пасош, кодот од ваучерот и контакт тел. Не е потребно да одите лично во агенцијата, туку на денот на тргање потребно е да го прикажете ваучерот во автобус. Можете да го прикажете од вашиот мобилен телефон или таблет. Не е задолжително да го имате испечатен ваучерот.


Ул. Балканска бр.1
Покажи ми го патот
Тел: 022 774 371
е-mail:
info@staff.mk
Facebook
WEB
Работно време:
од 10:00 - 18:00 часот и
сабота од 10:00 - 15:00 часот


Туристичка агенција „STAFF“ - Патувањето е секогаш добра идеја. Ние тоа го знаеме и сакаме да го знаете и Вие. Не читајте за некаде, да не слушате за тоа од вашите пријатели, да не го гледате во некој филм и да кажете дека е невозможно да се доживее. Ова е нашата мисија.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Машки шорцеви DRY+NIGHT од 'Decathlon'
DECATHLON производи
Машки шорцеви DRY+NIGHT од "Decathlon"
Уште 7 дена и 23 ч.
 1 Купувач
Сталажа HYLLIS од 'Ikea'
Ikea
Сталажа HYLLIS од "Ikea"
Уште 23 ч. 35 мин.
 1 Купувач
Месечна членарина за групна фитнес активност за мажи - Extreme Workout, жени и деца  - 50%
G - FITNESS (Голден фитнес) - Аеродром
Месечна членарина за групна фитнес активност за мажи - Extreme Wo...
Уште 7 дена и 6 ч.
 
Рачен алат, ударни дупчалки, пневматски ексцентирчни брусилки, акумулаторски одвртувачи и уште многу други производи од продажниот салон за алати „Купи Алат“
Професионални и хоби алати „Купи Алат“ - Нас. Центар
Рачен алат, ударни дупчалки, пневматски ексцентирчни брусилки, ак...
Уште 23 ч. 40 мин.
 7 Купувачи
6 месечен online курс по Германски јазик - 96%
Online курсеви по Германски јазик „Goethe Sprachschule“
6 месечен online курс по Германски јазик
Уште 23 ч. 40 мин.