23-ти Октомври во Букурешт и мистичната Трансилванија со ТА STAFF! 
Превземете бесплатен купон и откријте ја СУПЕР промотивната цена за ова патување со вклучени екскурзии, водич и пратител

Превземи купон
  • Преостанато време
  • 46 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  19.10.2018  до  31.10.2018 

 15% попуст за незаборавна тура во Букурешт и мистичната Трансилванија за 23-ти Октомври со вклучени екскурзии, водич и пратител
Програма
 1 ден - 19.10.2018 петок - Скопје / Букурешт
- Собир на групата кај Дрво Декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00часот. Ноќно возење преку Бугарија до Букурешт.

 2 ден 20.10.2018  сабота - Букурешт
Очекувано пристигнување во утринските часови, по што веднаш се упатуваме на разглед на Букурешт со локален водич.
Плоштадот на Револуцијата - Во 10 часот одиме на разглед на Букурешт со водич. Плоштадот на Револуцијата е почетното место на нашата тура од кое се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.
Calea Victoriei - Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.
Куртија Веке Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti. Се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.
Парламентот Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. 15 мин. слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта - Организирана прошетка со превоз и придружник во стариот дел на градот популарен по многубројните барови и кафулиња.  (Факултатива – 5 евра). Ноќевање

 3 ден 21.10.2018  недела - Замокот Пелеш и Брашов
- По појадокот се упатуваме кон замокот Пелеш. Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал. Комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. 
По разгледот на Пелеш продолжуваме  кон готскиот град Брашов, лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.
Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242год.
Слободно време за прошетка. После прошетката се упатуваме кон хотелот во Предеал. Сместување и ноќевање.

 4 ден 22. 10.2018 понеделник - Предеал - Бран
- Појадок и напуштање на собите
БРАН  “домот на Дракула” Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург. По дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Во 14:00 часот тргнување за Македонија.. Очекувано пристигнување во Скопје после полноќ во вторник.

 Превземете бесплатен купон и откријте ја промотивната цена на ова незаборавно патување!


Ул. Иван Козаров 43
(Кисела вода)
Покажи ми го патот
Тел: 022 774 371
Мобилен:071 362 364
лице за контакт Елена Ангеловска
mail:
info@staff.mk
Facebook
www.staff.mk

Работно време:
од 10:00 - 20:00 часот и
сабота од 10:00 - 15:00 часот


Туристичка агенција „STAFF“
Патувањето е единственото нешто што го плаќаме и не прави побогати! Секоја нова дестинација, секое ново патување, не збогатува со информации, познанства, нови пријателства и многу позитивна енергија која што ни помага кога ќе се вратиме на секојдневните обврски. Не дозволувај животот да ти помине на едно место, патувај и истражувај! Дознај што повеќе за светот и збогати се духовно! Парите се трошат, но спомените и искуствата остануваат! Патувај заедно со STAFF!

РОМАНИЈА ( Букурешт и мистичната Трансилванија)

Пет години по ред ја посетуваме Романија со нашите патници. Сме ја посетиле за Нова година, за Велигден, за 8-ми март …. Едно е сигурно! Оваа дестинација има преубави пејзажи во било која сезона. Овој пат ќе го искористиме празникот за 23ти Октомври да ја истражиме Романија со Вас.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

 Депилација со топол восок на раце, нозе и пазуви + гратис депилација на надусници во салон за убавина 'Прима Бела' - 39%
Салон за убавина "Прима Бела"
 Депилација со топол восок на раце, нозе и пазуви + гратис депила...
Уште 7 дена и 10 ч.
 
Масажа на цело тело + рефлексотерапија (масажа на стопала) + масажа на глава со есенцијално масло по избор (цимет, портокал или лаванда) во салон за убавина 'Прима Бела' - 51%
Салон за убавина "Прима Бела"
Масажа на цело тело + рефлексотерапија (масажа на стопала) + маса...
Уште 7 дена и 10 ч.
 
Нијансирање на коса со техника по Ваш избор (Омбре, Сомбре, Балајаж, Фламбојаж или Лајаж)  - 59%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Нијансирање на коса со техника по Ваш избор (Омбре, Сомбре, Балај...
Уште 6 дена и 17 ч.
 1 Купувач
Шишање, третман со кератинска маска за сува и оштетена коса и фенирање  - 59%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со кератинска маска за сува и оштетена коса и фен...
Уште 6 дена и 17 ч.
 4 Купувачи
Шишање, миење, маска против првут и фенирање на мажи - 49%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, миење, маска против првут и фенирање на мажи
Уште 6 дена и 17 ч.
 2 Купувачи
Надградба на свилени трепки - 50%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Надградба на свилени трепки
Уште 6 дена и 17 ч.
 
Angel Eye сет светла за фарови со модел по избор - 47%
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Angel Eye сет светла за фарови со модел по избор
Уште 6 дена и 17 ч.
 
Полица GNEDBY од 'Ikea'
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Полица GNEDBY од "Ikea"
Уште 42 дена и 11 ч.
 1 Купувач
Две декоративни закачалки - модел TJUSIG
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Две декоративни закачалки - модел TJUSIG
Уште 10 ч. 43 мин.
 1 Купувач
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање за возрасни - 64%
Училиште за уметност „Galeria KOTI“ - Карпош 1
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање з...
Уште 6 дена и 17 ч.
 1 Купувач
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање за деца - 32%
Училиште за уметност „Galeria KOTI“ - Карпош 1
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање з...
Уште 6 дена и 17 ч.
 
Kилим - модел KARBAK од „Ikea„
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Kилим - модел KARBAK од „Ikea„
Уште 10 ч. 40 мин.
 
Фотеља во окер или тиркизна боја - модел STRANDMON
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Фотеља во окер или тиркизна боја - модел STRANDMON
Уште 10 ч. 43 мин.
 1 Купувач