Нова година во Истанбул! 38% попуст или само 4999 ден. за 5 дена/2 ноќевања со појадок, посета и разглед на Истанбул, организиран превоз со високотуристички автобуси + туристички водич (29.12 - 02.01) со Т.А. Идеал Превоз!

Со купување на овој ваучер добивате 42 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 8000 ден.
    • Попуст 38%
    • Заштедуваш 3001 ден.
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  29.12.2017  до  02.01.2018 

Добивате: 
*Супер новогодишно патување во Истанбул!
 Превоз со високотуристички автобуси
 Две ноќевања во хотел со 3* во населбата Аксарај
• Вклучен појадок.

 Разглед на Истанбул со локален водич.
• Пешачка тура во Аксарај со локален водич
• Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  Посета на сите добро познати знаменитости во градот
 Професионален туристички водич во текот на целото патување.
Појаснување: 
 Пред купувањето на ваучерот, задолжително направете предрезервација - јавете се на 02 3119-006 078 684-392 078 322-272 и информирајте се дали има слбодни места. 
 По добиената потврдна информација купето го ваучерот. 
 Еден ваучер во вредност од 4999 ден. е наменет за едно лице.
 По купувањето на ваучерот јавете се во агенцијата за да ја потврдите претходно направенате предрезервација.
 Реализација на патувањето - од 29.12 - 02.01.2018 
Програма на патувањето: 
1 ден.29.12.17 - Скопје - Истанбул
Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
2 ден.30.12.17 - Истанбул
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата. Аја Софија Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. Топкапи палатата Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Крстарење по Босфорот По завршувањето на овие посети, следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. По крстарењето групата се враќа во хотел и има слободно време. Ноќевање.
3 ден. 31.12.17 Истанбул
Појадок. По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа и Египетскиот пазар. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот. Веднаш по панорамскиот разглед, следува посета на палатата Долмабахче. Долмабахче палата – Турскиот Версај Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја. Враќање во хотел, слободно време се до 20:30 часот, кога групата повторно се чека на рецепција и притоа се заминува кон одбраната опција за дочекот. Постојат две понудени опции за најлудата ноќ. ПРВА ОПЦИЈА – Дочек на Нова година со крстарење по Босфорот Целовечерно крстарење по Босфорот, заедно со забава, програма, музика, танци и неограничено јадење и пиење. ВТОРА ОПЦИЈА – Национален ресторан ГАР Целовечерна програма со неограничено јадење, пиење и традиционални турски шоуа и танци. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 01.01.2018 Истанбул - Скопје
Слободно време се до поаѓањето од хотелот во договорено време. Потоа групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“, кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.
5 ден. 02.01.2018 - Скопје 
Пристигнување во Скопје во утринските часови
 Во цената не е вклучено (незадолжителни доплати): 
 Доплата за сингл соба 20 евра 
 Постои можност за резервација на хотел со 4* со доплата од 30 евра 
 Аја Софија - Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки) - 20евра
 Топкапи палата - Некогашната палата на султаните, со локален водич - 20 евра
 Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул - автобуска екскурзија со посета на египетскиот пазар - 15 евра
 Крстарење по Босфор - 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул, со локален водич - 20 евра
 Долмабахче - Турскиот Версај на султаните – Цена 25 евра
 Аквариум Туркуазу - Најголемиот аквариум во Европа- Цена 15 евра
 Дочек на Нова Година - Крстарење по Босфор – Цена 69 евра - Целовечерна програма со неограничено јадење и пиење
 Дочек на Нова Година - Национален ресторан Гар – Цена 59 евра - Целовечерна програма со неограничено јадење и пиење
Специјални Новогодишни пакети:
 SILVER пакетот вклучува: панорамски разглед на европски и азиски Истанбул, крстарење по Босфорот и Долмабахче палатата - 49 евра
 GOLD пакетот вклучува: Аја Софија, Топкапи палатата, панорамски разглед на европски и азиски Истанбул, крстарење по Босфорот и  Долмабахче палатата - 85 евра
 PREMIUM пакетот вклучува: GOLD пакет + дочек на Нова година во националниот ресторан ГАР - 139 евра
 PREMIUM + пакетот вклучува: GOLD пакет + дочек на Нова година со крстарење по Босфорот - 149 евра
 ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко осигурување 
 За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2018 година.
 Важат општите услови на СКТМ и ТА Идеал Превоз



Ул. Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, Скопје
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
patuvanja@kupinapopust.mk

 Пред купувањето на ваучерот пишете на е-маил patuvanja@kupinapopust.mk
 Доколку поради било која причина, патувањата или турите се откажат или не се реализираат, ќе добиете комплетно рефундирање на уплатените средства!


Т.А. Идеал Превоз
За прекрасно и безгрижно патување, препуштете ја организацијата на Т.А. Идеал Превоз. 
Вршат организан превоз низ цела Македонија и надвор со високотуристички автобус, организираат секакви видови на патувања, екскурзии, семинари, шопинг тури.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Tons Garden Стол на расклопување 10099 - 32%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Стол на расклопување 10099
Уште 2 дена и 12 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 2 дена и 12 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 2 дена и 12 ч.
 
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007 - 17%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007
Уште 2 дена и 12 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 2 дена и 12 ч.
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 2 дена и 12 ч.
 8 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 2 дена и 12 ч.
 3 Купувачи
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 2 дена и 12 ч.
 5 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 2 дена и 12 ч.
 2 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 2 дена и 12 ч.
 11 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 2 дена и 12 ч.
 2 Купувачи
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 2 дена и 12 ч.
 1 Купувач
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 2 дена и 12 ч.
 
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty - 42%
Ina Beauty
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty
Уште 2 дена и 12 ч.
 1 Купувач
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty - 40%
Ina Beauty
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty
Уште 2 дена и 12 ч.
 1 Купувач