Нас. Суви Лаки, Берово.
Покажи ми го патот
телефон: 071 242 345
e-mail:
belavoda@t.mk
Facebook
• Задолжителна е претходна резервација на телефон 071 242 345 или на e-маил: belavoda@t.mk
Туристички комплекс - " Бела Вода ", Берово
Бела Вода е туристички комплекс скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации.
Бела Вода е комплекс со повеќе куќи изградени во стар малешевски стил. Има рибник на рекичката што извира на 1.700 метри од каде се подготвува свежа риба за гостите. Посебна атракција се коњите од расата индијански мустанзи кои се посебно примамливи за гостите. Малешевскиот регион изобилува со прекрасна природа, пространи ливади и чист воздух.
Туристичкиот комплекс „Бела Вода“ е преубаво место за одмор и релаксација, „рај на земјата“. Еден од најубавите туристички комплекси со прекрасна недопрена природа.