Добивате:
• 7 ноќевања во Вила Лица во период по ваша желба (погледнете ја табелата подолу)
Вила Лица се
наоѓа на одлична локација на првиот крај на полуостровот Халкидики, односно на
само 50 метри од песочната плажа, во центарот на Полихроно.
На првиот крак на
полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа
туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив
Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси
долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.
На местото на денешно
Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век
н.е. Во 11 век се основа Полихроно. Денес брои повеќе од 1000 жители, а
најразвиена гранка е туризмот.
Местото е
сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови
и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири,
производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа,
амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална
грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна.
Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај
морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
Вилата
располага со:
• Апартмани за 3-4
лица
• Кујна
• Кревет на отворање или лежај со грчки димензии
• Голем Фрижидер
• Шпорет без рерна
• Основни садови за соодветен број на лица
• ТВ
• интернет
• Купатило
• Клима
• Спална соба со брачен кревет или спална и единечен кревет
• Две тераси со поглед на улица и двор
• Паркинг
Сместувањето е
идеално за 3 возрасни и дете до 7 години или 2 возрасни и 2 деца до 12 години
Датуми:
Во цената не е вклучено:
• Превоз
• Патничко осигурување
• Туристичка такса: 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
• Паркинг
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Дополнителни информации:
Препорачуваме патничко осигурување
Не превземаме одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.
Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање. Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови, односно:
• за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
• за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
• за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
• за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
• Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
• Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Превоз:
Појаснување:
• За проверка на слободен термин, Ве молиме пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk или контактирајте нè на 078 439 829 (достапни и на вибер).
По потврдната информација дека има слободен термин во рок од 24 часа вршите уплата на сумата. Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).
• Уплатницата ја испраќате на admin@kupinapopust.mk или на 078 439 829 на вибер, како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува.
Трговец е фирмата Груп Поинт дооел Скопје, со седиште на ул. Венијамин Мачуковски 1а/2-5, населба Мичурин, Аеродром, Скопје, ЕМБС: 6848958, Даночен број: МК4080013534665.
Груп Поинт ДООЕЛ поседува лиценца Б за вршење на туристичка дејност.
Кај нас секогаш ќе најдете одлични понуди со супер цени.
Може да ве интересираат и следниве понуди:

Салон за убавина „Harmony of beauty“
Депилација на нозе и интима во Салон за убавина „Harmony of Beaut...

Салон за убавина „Harmony of beauty“
Депилација на цело тело во Салон за убавина „Harmony of Beauty"

Т.А „КупиНаПопуст“
5 ноќевања на база ПОЛН ПАНСИОН во период од 13-18 Јуни во SKION ...

Хотел „Apart Hotel Aspen 4*“ - Банско
Избери релакс во Банско – BB или HB сместување + користење на СПА...

Aqua spa termale - Novi Pazar
Ноќевање за 2 лица со доручек + користење на СПА во Хотел Aqua Sp...

Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Охрид (панорамски лет) + снимање ...

Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Скопска Црна Гора + сни...

Центар за рехабилитација и масажа Синај
Сауна HARVYA со ултра инфрацрвено загревање (за две лица)

Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...

Хотел „Casa Karina 4*“, Банско
Уживање во Банско! Ноќевање за едно лице + користење на СПА цента...

Eke Irin Apartments - Ohrid
Ноќевање во уникатните Eke Irin Apartments во Охрид

Garetov Konak - Prolom Banja
5-дневен одмор во мај за 1 лице на база полупансион + гратис маса...

Garetov Konak - Prolom Banja
Романтичен викенд за двајца на база полупансион + гратис масажа, ...

Bncmicro - Скопје
40% попуст или само 1440 денари за Техничко чистење на лаптоп (со...

Bncmicro - Скопје
40% попуст или само 1080 денари за Техничко чистење на лаптоп

Bncmicro - Скопје
40% попуст или само 1080 денари за Техничко чистење за гејмерски ...

Bncmicro - Скопје
40% попуст или само 600 денари за Техничко чистење на десктоп ком...

Bncmicro - Скопје
40% попуст или само 720 денари за Реинсталација на оперативен сис...

Хотел „Almopia 3* “ - Лутраки
Ноќевање со појадок за едно лице во хотел Almopia 3* Лутраки, Грц...

Т.А „КупиНаПопуст“
Патување во Србија - Белград, Сребрено Езеро, Манастир Тумане (31...

Салон за убавина „Harmony of beauty“
Мадеро терапија со ендосфера + рачна масажа во времетраење од 45 ...

Square Luxury Apartments - Berovo
Ноќевање во ултра модерни апартмани - Square luxury apartments во...

Villa In Apartments Ohrid
Ноќевање во Villa In Apartments - Охрид
