Есенка прошетка на Кипар! 20% попуст или 12.338 ден. (199 евра) 4 дена / 3 ноќевања во хотел „Crown 3*“ со појадок во Ларнака + авионски превоз + организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром + пратител на програмата во период од 20.10 - 23.10.2019 год. заедно со Т.А „Ноа Турс“

Со купување на овој ваучер добивате 185 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 15438 ден.
    • Попуст 20%
    • Заштедуваш 3100 ден.
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  20.10.2019  до  23.10.2019 
Добивате:
 3 ноќевање во Хотел Crown 3* во Ларнака
 Вклучен појадок
 Директен лет на релација Скопје - Ларнака - Скопје со авикомпанија Wizz Air
 Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 цм
 Организирани трансфери: аеродром Ларнака - хотел - аеродром Ларнака
 Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
 Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Појаснување:
 Понудата е по лице и е валидна во перидо од 20.10 - 23.10.2019 год.
Доплати:
 Аеродромски такси по лице - 2.460 денари (задолжително)
 Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm) - 2.400 денари за двата правца
 Туристичка такса - 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)
 Факултативна посета на Фамагуста со локален водич и трансфер - 35 евра / Деца од 2-12 години: 20 евра
 Факултативна целодневна посета на градот Аја Напа со пратител и трансфер - 20 евра
 Патничко осигурување - 150 денари
Програма на патувањето:
 1 ден: (20.10.2019 - недела) - СКОПЈЕ - ЛАРНАКА - КИПАР
- Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:45 часот. Полетување за Ларнака во 13:45 ч. Пристигнување во Ларнака во 17:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за активности по желба. Ноќевање.
 2 ден: (21.10.2019 - понеделник) - ЛАРНАКА
- Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака енајстариот град на Кипар или неговата ,,душа”. Со богата историја која датира од пред 10.000 години Ларнака е ,,душата” на Кипар. Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град во Ларнака - Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Последната станица ќе биде плажата сместена веднаш до „Градот дух“, долг дел од златниот песок со кристално чиста вода. Правото место да се освежите после разгледување. Можност за слободни активности и прошетка на преубавите песочни плажи на Ларнака како и можност за капење. Враќање во хотел. Слободни активности.Ноќевање.
 3 ден: (22.10.2019 - вторник ) - АЈА НАПА
- Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа. Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach - долга 1 км и Nissi Beach - долга 2 км. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.
 4 ден: (23.10.2019 - среда) - ЛАРНАКА - СКОПЈЕ
- Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна прошетка и реалксирање на преубавите плажи, барови, како и многуте шопинг продавници.Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 14:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 17:45 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 19:05 часот локално време.
 Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.
Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
 Пред да го купите ваучерот, Ве молиме пишете  ни на емаил -  admin@kupinapopust.mk за да проверите дали има слободни места. Откако ќе Ви потврдат дека има слободно место, го купувате ваучерот и повторно пишете ни на емаил - admin@kupinapopust.mk Име и Презиме, број на пасош, кодот од ваучерот и контакт тел. Не е потребно да одите лично во агенцијата, туку на денот на тргање потребно е да го прикажете ваучерот во авион. Можете да го прикажете од вашиот мобилен телефон или таблет. Не е задолжително да го имате испечатен ваучерот.


Ул. Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, Скопје
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк

 За сите подетални информации јавете се на тел. 078/ 439 829 или пишете на е-маил admin@kupinapopust.mk
• Доколку поради било која причина, патувањата или турите се откажат или не се реализираат, ќе добиете комплетно рефундирање на уплатените средства!

Kupinapopust е посредник при продажбата и промоцијата на патувањата. Организатор е Т.А „Ноа Турс“


Почитувани клиенти и драги колеги,

Нашата цел е да понудиме свежина и разноликост во светот на патувањата. Дестинациите, цените и настаните понудени од нашата агенција доминираат со нивната егзотичност, поволност, професионалност, сигурност  и  грижа за нашите ценети клиенти.
Аранжманите понудени од туристичката агенција НОА ТУРС се грижливо одбрани со цел да ги задоволат критериумите на нашите клиенти. Дозволете ни да се грижиме за Вашето слободно време и уживајте во патувањето со нас.

НОА ТУРС ви ги нуди следните услуги:
- Туристички аранжмани
- Авионски билети за сите светски и европски дестинации 
- Автобуски билети за цела Европа
- Сите видови на патнички осигурувања
- Индивидуални патувања - комплетна организација
- Групни патувања - апсолвентски патувања
- Организација на  семинари, конгреси
- Посета на саеми
- Летување и зимување во Македонија
- Рент - а - кар


Може да ве интересираат и следниве понуди:

Ноќевање со појадок / Термини - 20.12 - 26.12; 17.01 - 29.02; 02.01 - 16.01 и 01.03 - 15.04.2020 год.
Хотелски комплекс „Boriki 3*“ - Пампорово
Ноќевање со појадок / Термини - 20.12 - 26.12; 17.01 - 29.02; 02....
Уште 4 дена
 
Ноќен чувар  - 51%
ПЗУ „Picasso Dental Studio“ - нас. Аеродром, позади VERO
Ноќен чувар 
Уште 4 дена
 
Рентгенската панорамска слика на цела вилица - 51%
ПЗУ „Picasso Dental Studio“ - нас. Аеродром, позади VERO
Рентгенската панорамска слика на цела вилица
Уште 4 дена
 
2 часа All Inclusive роденден на Вашите најмили - 23%
Игротека „Морски Свет“ - нас.Мичурин
2 часа All Inclusive роденден на Вашите најмили
Уште 4 дена
 
Ноќевање со појадок / Термин - 01.12 - 31.03.2020 год.
Хотел „Seven Seasons“ - с. Бања, Банско
Ноќевање со појадок / Термин - 01.12 - 31.03.2020 год.
Уште 4 дена
 
Ноќевање со појадок и вечера / Термин - 01.12 - 31.03.2020 год.
Хотел „Seven Seasons“ - с. Бања, Банско
Ноќевање со појадок и вечера / Термин - 01.12 - 31.03.2020 год.
Уште 4 дена
 2 Купувачи
Класичен педикир со отстранување на грубата кожа од стaпалата + лакирање  - 42%
Козметичко студио „Miss“ - Нас. Мичурин
Класичен педикир со отстранување на грубата кожа од стaпалата + л...
Уште 4 дена
 
Bluetooth слушалки i7S
NikMit
Bluetooth слушалки i7S
Уште 4 дена
 1 Купувач
Ноќевање по избор - Термин - 25.11 - 19.12.2019 год.
Хотел „St. George Ski & Holiday“ Банско
Ноќевање по избор - Термин - 25.11 - 19.12.2019 год.
Уште 4 дена