• 2 ноќевања за 2 лица во двокреветно студио со појадок + СПА услуги - 4362 ден. (70 евра)
• 2 ноќевања за 2 лица во двокревето студио со појадок и вечера + СПА услуги - 5608 ден. (90.5 евра)
Појаснување:
• Понудата е валидна во период од 30.10 - 20.12.2018 год.
Доплати:
• За деца и трет возрасен не купувате купон.
• Две деца до 6,99 години сместени со двајца возрасни е БЕСПЛАТНО
• Дете од 7 до 11,99 години сместено на дополнителен кревет со појадок плаќа 5 евра по ноќевање, а со појадок и вечера 7.5 евра по ноќевање
• За лица над 12 години сместени на дополнителен кревет се плаќа 50% од вкупната сума на еден возрасен.
• Еден возрасен со едно дете (независно од возраста) сместено на дополнително легло купува ваучер и ја доплаќа редовната сума на возрасниот.
• За еднинечно сместување со појадок потребно е да купите купон и да доплатите 9 евра по ноќевање, а со појадок и вечера 14 евра по ноќевање.
• Сите доплати се вршат директно на рецепција во хотелот.
• Дополнителни услуги со наплата:
- Музичка програма
- Наметка и хотелски влечки.
- Пинг понг, билјард, велосипед
- Масажи, СПА терапии, лимфна дренажа
- Мултифункционално спортско игралиште: тенис, мини фудбал, одбојка, кошарка, бадминтон
- Организирано јавање
- Организирана планинска авантура со лиценциран водич
• Појадок - 08:00 - 10:00 - појадок, топли пијалоци и бугарски безалкохолни пијалоци
• Вечера - 19:30 - 21:30 - на блок маса или сет мени
Процедурата за купување на купон е следнава:
• Задолжителна е претходна резервација на телефон +359 747 929 55 и +359 888 805 993 или на email: reservations@3-mountains.com
- По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате купонот.
- Купонот го препраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете купонот испечатен кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
Ул "Столоватец" 7
покрај Разлог
Покажи ми го патот
тел.
+359-888-805993
+359-747-97034
• Потребна е претходна резервација на reservations@3-mountains.com
Хотел „3 Планини“ 3*, покрај Разлог
Хотел „3 Планини“ 3* Разлог-Банско е луксузен хотел, изграден во карактеристичен алпско-архитектонски стил, во комбинација со традиционални и национални елементи. Комплексот се состои од 42 апартмани од 39 m² до 65 m² ( луксузни студиа и едноспални апартмани). Се наоѓа во близина на Банско - најпознатото ски одморалиште на Бугарија и во непосредна близина до неодамна изграден од Ian Woosnam голф терен, како и до скијачката патека Кулино.
3 одделни влезови со лифт, за 42 апартмани лукс, од кои 30 едноспални и 12 широки луксузни студиа. Сите апартмани се од 39 m² до 65 m² и имаат свој балкон со прекрасен поглед кон планината. Апартманите се опремени според различни сезони, со соодветни бои и мебел. На гостите се обезбедени многу услуги како собна послуга, перење, пеглање, мини бар и многу др.
Комплексот располага со уникатен здравствен центар, лоциран на вкупна површина од 600 m2, поделен на две нивоа и нуди широк спектар на спа третмани и терапии. На првото ниво се наоѓа базен и гардероба. Ова ниво нуди уште парна бања, сауна класична и солна сауна со шоково ведро, зона за релаксација и авантуристички туш. На второто ниво се наоѓаат неколку сали за различни масажи, Спа третмани и процедури.
Луксузен ресторан со 80-100 места за седење и Лоби бар како погодно место за разговор и бизнис дискусии.