Со купон од 121 ден. и доплата од 688 ден. (11 евра) добивате 1 ноќевање за 1 лице во студио, едноспален, двоспален или троспален апартман
• Максимален капацитет на студио е 2 легла без можност за дополнителен кревет.
• Максимален капацитет на апартман со една спална е 2 легла со можност за еден дополнителен кревет.
• Максимален капацитет на апартман со две спални е 4 легла со можност за еден дополнителен кревет.
• Максимален капацитет на апартман со три спални е 6 легла без можност за дополнителен кревет.
• Бесплатно користење на базен (28-29°C), сауна, парна бања, џакузи, фитнес сала, wi-fi интернет, туристичка такса.
• Уживање и релаксација во прекрасното Банско.
Појаснување:
• 1 купон е за 1 ноќевање за 1 лице!
• Понудата е валидна за минимум 2 ноќевања за 2 лица за период од 26.04 - 05.07.2018 год.
Доплати:
• Дете до 6 години сместено со двајца возрасни кои плаќаат полн износ, добива бесплатнo ноќевањe
• Еден возрасен со едно дете од 0 до 5,99 години доплаќа директно на рецепција 9 евра за едно ноќевање
• За две деца од 0 до 5,99 години сместени со двајца возрасни кои плаќаат полн износ, за едното дете е бесплатно, а за второто дете се доплаќаат 4 евра директно на рецепција за едно ноќевање
• За дете од 6 до 11,9 години сместено со двајца возрасни кои плаќаат полн износ, се доплаќаат 9 евра директно на рецепција за едно ноќевање на дополнителен кревет
• За трет возрасен не е потребно да се купува купон односно трет возрасен и дете над 12 години сместен на дополнителен кревет доплаќаат директно на рецепција 11.5 евра за едно ноќевање
• За користење на единечна соба се купува купон и се доплаќаат вкупно 19 евра на рецепција директно во хотелот.
• Сите овие суми се доплаќаат директно во хотелот.
• Сместување во собите од 14:00 часот.
• Напуштање на собите до 12:00 часот.
Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
• Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот + 359 878 19 83 19 или да испратите e-mail на reservations@intersolutionbg.com
- По потврдната информација дека има слободна соба во рок од 24 часа го купувате ваучерот.
- Ваучерот го испраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле и со тоа резервацијата Ви се потврдува. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
• Потребна е претходна резервација на + 359 878 19 83 19 или на reservations@intersolution-bg.com
„Winslow Infinity & SPA“
Хотелскиот комплекс Винслоу Инфинити & СПА е со четири ѕвезди и е голем проект на Винслоу Груп во Банско. Винслоу Инфинити & СПА се наоѓа на 400 метри од ски лифтовите, во подножјето на планината. Хотелскиот комплекс се состои од три хармонични згради со прекрасно уредена градина.