8 - ми март во Истанбул! само 6138 ден. за 4 дена/2 ноќевања со појадок во хотел во Истанбул, посета и разглед на сите важни знаменитости, организиран превоз со високотуристички автобуси + туристички водич со Т.А. Орбита Травел!

Со купување на овој ваучер добивате 58 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  08.03.2018  до  11.03.2018 

Добивате: 
Патување за 8 - ми март
*Прекрасно патување во Истанбул.
 Автобуски превоз на релација Скопје- Истанбул – Скопје
• Организиран трансфер од Прилеп
• 2 ноќевања во хотел со појадок
 Разгледи на градот и сите главни знаменитости со локален водич.
 Придружник од агенцијата во текот на целото патување
 Организација на патувањето
 Прекрасна можност да ги посетите прекрасните делови на моќниот Истанбул. 
Појаснување: 
 Пред купувањето на ваучерот, задолжително направете предрезервација - јавете се на 048 413 165 или на 076 819 994 и информирајте се дали има слбодни места. 
 По добиената потврдна информација купето го ваучерот. 
 Еден ваучер во вредност од 6.138 ден. е наменет за едно лице.
 По купувањето на ваучерот јавете се во агенцијата за да ја потврдите претходно направенате предрезервација.
 Реализација на патувањето - 08.03. - 11.03.2018
Програма на патувањето: 
1 Ден - 08.03.2018 (ЧЕТВРТОК) Скопје – Истанбул
Собир на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн во 16:00ч. Со подготвени изненадувања од агенцијата весело го започнуваме патот од Скопје, преку Грција до Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 Ден - 09.03.2018 ( ПЕТОК) Истанбул
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Со првиот поглед на градот пристигнуваат и одговори за сите љубопитни срца и вљубеници во културата и патувањето. Возиме преку еден од Босфорските мостови до главната разгледна точка на Азиската страна, брдото Џамлиџа, од каде почнува нашата авантура. Прекрасниот панорамски поглед истовремено ќе ни го одземе здивот и ќе ни ги наполни батериите со енергија за исполнетиот ден што не очекува. Посетата тука трае од 30-40мин, местото е погодно да се освежите, можност да го пробате традиционалниот турски чај и секако да направите неверојатни фотографии кои нема да останат само во вашиот апарат туку вечно ќе се врежат и во вашиот ум. Сместување во хотел, Слободно време за oдмор Попладне организиран  разглед на Истанбул.
Разгледот  започнува  со стариот Хиподром, кој не бил еден од најспектакуларните објекти во градот, но претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли. Околу него се наоѓаат Џамијата Султан Ахмед, поради своите бои – сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали – плочка и порцелан, во Европа исто така е позната и како Сина џамија и е првата џамија во Османлиската империја, која има 6 минариња. Продолжуваме кон сарајот на Ибрахим Паша, амамот на Хурем, Аја Софија, позната и како Црква на светата мудрост е единствениот храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква и секако Топ Капи палатата која била главното седиште на администрацијата на Османлиската империја, претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Влезниците за посета на Топ Капи и Аја Софија се факултативни и по желба.Од тука продолжуваме кон Капали Чаршија – најголемиот пазар во Европа истовремено еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот. Со повеќе од 3000 продавници сместени низ шармантните улички, во него може да се најде се што замислувате, од текстил, сувенири, храна.. Бескрајни можности за шопинг, каде жената се чувствува како дете во слаткарница. А шармот и љубезноста на добро познатите трговци сигурно ќе ве убедат да купите или да пробате традиционален производ. По слободното време за шопинг или можност за индивидуални или факултативна посета на  Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Враќање во хотел Ноќевање.
3 Ден - 10.03.2018 (САБОТА) Истанбул
Појадок  Слободно време или  факултативно крстарење по БосфорПрограмата започнува со посета на Цариградската Патријаршија од каде продолжуваме на релаксирано крстарење по Босфор кое нуди сосем различен поглед на Истанбул од претходниот, но воедно и уникатен начин да се видат сите знаменитости без да се заморите. Преку Босфорот ќе го доживеете Истанбул како да листате страници од книга, секоја со нова приказна, преку која историјата на овој град дише и живее. Крстарењето е со приватен брод и трае околу 90мин. За време на крстарењето локалниот водич ќе ни раскаже се што може да видиме од најпознатите стари куќи кои ќе ги препознаете од популарните турски серии. Факултативна посета на  палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на султанот која е претворена во музеј со непроценлива збирка.Враќање во хотел, Можност за организирана прослава во ореинтален ресторан (факултативно).Ноќевање.
4 Ден - 11.03.2018 ( НЕДЕЛА) Истанбул - Македонија
По појадокот, организирана посета на еден од најпознатите шопинг центри Форум. Крајот на нашата авантура го комплетираме со релаксиран шопинг и сувенири за најмилите дома; факултативна посета на Аквариум кој е сместен во самиот шопинг центар. Собир на групата и поаѓање за Македонија во 13:00 часот.
• Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: Крстарење по Босфор – 15€ - мин 30 патници; Влезница во Топ Капи – 15€; Влезница во Аја Софија – 15€; Влезница во Долма Бахче Сарај – 25€; Посета на терасата Сафир со 4Д проекција – 20€; Вечера во ориентален ресторан  – 30€; Патничко осигурување 150 ден.
 За патувањето важат општите услови на Агенцијата. 


ул. Моша Пијаде, 125,
7500, Прилеп
Покажи ми го патот
e-маил:orbita_info@yahoo.com
телефон: 00389 48 413 165
00389 76 819 994
WEB
Facebook

 Задолжителна е претходна резервација на термин, во агенцијата на маил: orbita_info@yahoo.com или на телефон: 0389 48 413 165; 00389 76 819 994
 Доколку поради било која причина, патувањата или турите се откажат или не се реализираат, ќе добиете комплетно рефундирање на уплатените средства!


ХОТЕЛ МАРО 3*** се наоѓа на преубавиот дел во Агиос Јоанис на само 10м од преубавата песочна плажа и тиркизнто сино море, на самото крајбрежје преплавено со локални традиционални таверни,кафетерии ,барови,маркети,пекари со еден збор кажано се што ни е потребно за целиот престој на ова прекрасно место кое изобилува со преубава природа.
Хотел Маро 3***располага со лифт, двокреветни(1/2) и трокреветни студија(2+1) + одвоена кујна каде е сместен третиот кревет кој е стандарден,и апартмани(1/4 или2+2) со една спална соба со одвоена кујна во која се поставени + два кревети со димензии 190x80 цм,секое од овие студија апартмани располага со сопствено купатило,балкон,клима вклучена во цена,wi-fi,tv,некои од нив имаат директен поглед на море,некои страничен,а останатите поглед према ПEЛИОН.
Истиот располага со преубава двор/градина ,сопствен бар,сопствена кујна каде ке можете во секое време да нарачате пијалок по ваш избор...се разбира по многу пристапна цена .Хотелот нуди појадок шведска маса  за клиенти кои сакаат да вкусат ( дополнително се наплака) ,по ваш избор можете да добиете и ручек или вечера во најблиската натурална таверна РЕМЕЦО каде се нудат најразлични традиционални видови на храна(јагне на жар,Свинско на жар,пиле на жар,и да не ја заборавиме морската храна и прекрасните салати  со посебен вкус припремена на традиционален начин) на само 30 м од ХОТЕЛ МАРО на сама плажа.




Орбита е туристичка агенција основана во 1999 година како професионалната заинтересираност на основачот и директор , господинот Звонко Ширкоски. Денес агенцијата поседува лиценца "A" за вршење на туристичка дејност одобрена од Министерство за Економија на Република Македонија.
Одделот за странски туризам работи со организирани екскурзии според барање на групи или поединци, индивидуални патувања за хотелско сместување, авионски, автобуски и бродски превоз.
Одделот за домашен туризам нуди услуги за посета на Македонија, хотелско сместување, превоз и туристички водич. Исто така нуди и екскурзии на најубавите места во Македонија .
Нашите вработени поседуваат меѓународни IATA сертификати за резервација, продажба и издавање на авионски билети.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Tons Garden Стол на расклопување 10099 - 32%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Стол на расклопување 10099
Уште 7 дена и 3 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 7 дена и 4 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 7 дена и 5 ч.
 
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007 - 17%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007
Уште 7 дена и 4 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 7 дена и 2 ч.
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 7 ч. 15 мин.
 2 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 5 ч. 52 мин.
 1 Купувач
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 5 ч. 18 мин.
 3 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 7 ч. 45 мин.
 2 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 5 ч. 32 мин.
 8 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 7 ч. 24 мин.
 1 Купувач
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 7 ч. 24 мин.
 1 Купувач
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 7 ч. 24 мин.
 
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty - 42%
Ina Beauty
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty
Уште 7 ч. 24 мин.
 1 Купувач