Посета на најпознатиот фестивал на чоколадото за 23-ти Октомври ЧОКОЛАДНА АВАНТУРА во Перуџа! Само 11069 ден. (178.5 евра) за 5 дена / 3 ноќевања со појадок за едно лице + организиран превоз со високотуристички автобус + туристички водич / Термин (18.10 - 22.10.2018 год.)

Со купување на овој ваучер добивате 32 "kupinapopust" поени.

Купи за 11069 ден. Купи како подарок
  • Преостанато време
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  26.09.2018  до  23.10.2018 

Добивате:
 5 дена / 3 ноќевања со појадок за едно лице
 Сместување во хотел во Виченца во двокреветни соби на база на 1 ноќевање со појадок
 Сместување во хотел во Кјанчано Терме (Chianciano Terme), во двокреветни соби на база на 2 ноќевања со појадок
 Разгледи и излети според програмата
 Придружник од агенцијата за време на патувањето
 Организација и реализација на патувањето
 Уживање во малите слатки задоволства!
Појаснување:
 Еден ваучер од 11069 ден. (178.5 евра) е за едно лице
 Понудата е валидна во период од 18.10 - 22.10.2018 год.
 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативниот излет за Перуџа на фестивалот на чоколадо и разглед со локален водич - 25 евра по лице
- Разглед на Болоња со локален водич - 10 евра по лице
- Јавен превоз од / до автобускиот паркинг во Перуџа: мини метро 1.5 евро во правец и по лице
- Влезници за музеи и културно - историски споменици
- Дополнителните содржини и трошоци кои не се предвидени спрема програмата, личните трошоци (пијалоци, дополнителни оброци, телефонски трошоци, карти за јавен превоз и друго)
- Такса за престој која се плаќа на рецепција во хотелот 1.5 евро по лице на ден
- Патничко осигурување
Програма на патувањето:
 1 ден (18.10.2018 - Четврток) Скопје - Виченца  
- Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Виченца. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
 2 ден (19.10.2018 - Петок) Палманова - Виченца
- Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 саати за шопинг во еден од најголемите outlet - и во Италија - Палманова. По шопингот се упатуваме кон Виченца и  се сместуваме во хотел, време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и e 4 - ти град по големина во Покраината Венето. Градот на Андреа Паладио - италијански ренесансен архитект од Падова кој својот труд го претставува во Венеција и во околните градови. Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа базиликата Паладиана, голема средновековна градска сала. Театро Олимпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри. Палатата Кјерикати, Вила Валмарана, Плоштадот Кастело. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање назад до хотел во договорено време со групата. Ноќевање.
 3 ден (20.10.2018 - Сабота) Виченца - Верона - Кјанчано Терме
- Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамски (со автобуси) и пешачки разглед на градот - Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век со капацитет од 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде се наоѓаат најголемите брендови од модната индустрија, се до плоштадите Ербе и Данте. Следува посета на куќата на Јулија, каде се наоѓаат споменикот и терасата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности. Попладне заминување кон Кјанчано Терме. Сместување во хотел. Ноќевање.
 4 ден (21.10.2018 - Недела) Кјанчано Терме - Перуџа - Кјанчано Терме        
- Појадок во хотел. Слободно време или факултативен излет за Перуџа, главен град на покраината Умбрија и посета на најголемиот европски фестивал на чоколадото Eurochocolate. По пристигнувањето во Перуџа се оди на прошетка по главната улица во стариот дел на градот - Corso Vanucci и до плоштадот Piazza IV Novembre, каде се наоѓа познатата фонтана Маџоре (Maggiore) и катедралата, посета на Националната галерија на Умбрија (Galleria Nazionale dell'Umbria). Слободно време за уживање и дегустација на големата понуда на различни видови на чоколадо од целиот свет, со необичен вкус, дегустација на топло чоколадо и чоколадни сложувалки. Посета на култната продавница Perugina, каде што може да купат прочуените чоколади"Bacci" - чоколадни бакнежи. Слободно време. Враќање во Кјанчано Терме. Ноќевање.
 5 ден (22.10.2018 - Понеделник) Кјанчано Терме - Болоња - Скопје    
- Појадок во хотел. Поаѓање кон Болоња. Разглед на главниот град на Емилија Ромања и седиштето од најстариот универзитет во светот: прошетка со придружник до плоштадот Piazza Maggiore со базиликата Св. Петронија (Basillica di San Petronio) и градското собрание, старата зграда на универзитетот, плоштадот Нептуно (Neptune) со познатата фонтана и познатите кули - близначки Due Torri. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Возење со кратки попатни паузи за одмор низ Словенија, Хрватска и Србија кон Скопје, Македонија, со пасошки и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.
Постапка за превземање на ваучерот:
 Пред купувањето на ваучерот, задолжително направете предрезервација - јавете се на 078 439 829 или на 02/ 3 256 027 или пишете ни на admin@kupinapopust.mk и информирајте се дали има слбодни места. 
 По добиената потврдна информација го купувате ваучерот


 ул. Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, Скопје
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
Покажи ми го патот
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет

09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк
WEB
Facebook


 kupinapopust.mk не е организатор на патувањето туку само посредник при продажба на аранжманот и резервација хотелотОрганизатор на патувањето е Т.А „Atlantis“
Перуџа - Фестивал на чоколадото
Еден милион туристи секој Oктомври доаѓааат во Перуџа, покраината на Умбрија, со цел да уживаат во еден од најпознатите фестивали на чоколадо во Европа. Обожаватели од сите возрасти и од сите континенти ќе ги поврзе една нишка: љубов кон чоколадото. Ќе уживате во разни видови на чоколада со необичен вкус, ќе дегустирате топло чоколадо и чоколадни сложувалки.







Може да ве интересираат и следниве понуди:

 Депилација со топол восок на раце, нозе и пазуви + гратис депилација на надусници во салон за убавина 'Прима Бела' - 39%
Салон за убавина "Прима Бела"
 Депилација со топол восок на раце, нозе и пазуви + гратис депила...
Уште 7 дена и 10 ч.
 
Масажа на цело тело + рефлексотерапија (масажа на стопала) + масажа на глава со есенцијално масло по избор (цимет, портокал или лаванда) во салон за убавина 'Прима Бела' - 51%
Салон за убавина "Прима Бела"
Масажа на цело тело + рефлексотерапија (масажа на стопала) + маса...
Уште 7 дена и 10 ч.
 
Нијансирање на коса со техника по Ваш избор (Омбре, Сомбре, Балајаж, Фламбојаж или Лајаж)  - 59%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Нијансирање на коса со техника по Ваш избор (Омбре, Сомбре, Балај...
Уште 6 дена и 17 ч.
 1 Купувач
Шишање, третман со кератинска маска за сува и оштетена коса и фенирање  - 59%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со кератинска маска за сува и оштетена коса и фен...
Уште 6 дена и 17 ч.
 4 Купувачи
Шишање, миење, маска против првут и фенирање на мажи - 49%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, миење, маска против првут и фенирање на мажи
Уште 6 дена и 17 ч.
 2 Купувачи
Надградба на свилени трепки - 50%
Мое студио „Дадар“ - Центар
Надградба на свилени трепки
Уште 6 дена и 17 ч.
 
Angel Eye сет светла за фарови со модел по избор - 47%
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Angel Eye сет светла за фарови со модел по избор
Уште 6 дена и 17 ч.
 
Полица GNEDBY од 'Ikea'
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Полица GNEDBY од "Ikea"
Уште 42 дена и 11 ч.
 1 Купувач
Две декоративни закачалки - модел TJUSIG
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Две декоративни закачалки - модел TJUSIG
Уште 10 ч. 40 мин.
 1 Купувач
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање за возрасни - 64%
Училиште за уметност „Galeria KOTI“ - Карпош 1
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање з...
Уште 6 дена и 17 ч.
 1 Купувач
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање за деца - 32%
Училиште за уметност „Galeria KOTI“ - Карпош 1
Месечна членарина за курс по цртање, сликање, керамика и вајање з...
Уште 6 дена и 17 ч.
 
Kилим - модел KARBAK од „Ikea„
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Kилим - модел KARBAK од „Ikea„
Уште 10 ч. 36 мин.
 
Фотеља во окер или тиркизна боја - модел STRANDMON
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Фотеља во окер или тиркизна боја - модел STRANDMON
Уште 10 ч. 40 мин.
 1 Купувач