11 Октомври во Париз!!! 11% попуст или само 339 евра по лице за авионски аранжман во Париз преку Т.А. Атлантис

Со купување на овој ваучер добивате 124 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 23498 ден.
    • Попуст 11%
    • Заштедуваш 2480 ден.
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  07.10.2016  до  11.10.2016 

Добивате:
 Директен лет на релација Скопје - Бове - Скопје со авиокомпанија Wizz Air.
 23 kg багаж вклучени во цената.
 Голема кабинска торба од 10 kg(56x45x25) вклучена во цената.
 Организирани трансфери: аеродром - хотел аеродром.
 Сместувње во двокреветни соби во Hotel Ibis La Defanse Centre 3* на база 3 ноќевања со појадок.
Панорамски разглед на Париз со локален водич.
 Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата.
 Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Појаснување:
 Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
 Аеродромски такси -  2.480 денари (се плаќа во агенција при уплата на аранжманот)
 Туристичка такса плаќа во агенција  1,32 € на ноќ.
 Посета на Версај 50 евра (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со автобус, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција,)
 Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат- 18€.
 Крстарење со брод по Сена – 11€.
 Посета на Лувр 35€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција, се патува со метро)
 Посета на Moulin Rouge-112€ (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ)
 Посета на Дизниленд 95 € – (вклучена влезница за еден парк, трансфер), цена за деца до 18 години – 87 €.
 Патничко осигурување.
 Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14,1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција)

- 1 ДЕН (07.10.2016 – ПЕТОК) - СКОПЈЕ – БОВЕ – РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ – НОТРДАМ – САКРЕ КЕР.

- Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 04:05 часот. Полетување за Париз во 06:05 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air со број на лет W6 7719. Пристигање на аеродромот Beauvais во 09.05 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер со автобус до Париз (90 км). Организиран факултативен панорамскиразглед на Париз, ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbona, Louvre, Champs Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalides, Concorde Bastille, Republique, Vendome, Trocadero, Etoilе. Сместување во хотел Ibis La Defanse Centre“ 3* 
 . Време за одмор. Заминување со метро од хотелот во придружба на нашиот водич и посета на катедралата Нотрдам и Собранието на Париз (однадвор). Продолжување кон латинскиот четврт со нашиот водич и слободно време за вечера или кафе. Потоа одиме на прошетка до Монмартр, плоштадот на уметниците, потоа ќе можете да ја видете базиликата Sacre Coeur, од која може да имате прекрасен поглед на Париз. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

- 2 ДЕН (08.10.2016-САБОТА)-ВЕРСАЈ-АЈФЕЛОВА КУЛА-КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА-ТРИУМФАЛНА КАПИЈА-МУЛЕН РУЖ.

- Појадок. По појадокот, се упатуваме во факултативна посета со автобус на величенствениот дворец Версај (15 км) изграден од францускиот крал Луј XIV, кој преставува ремек дело на уметноста од 17-ти век. Враќање назад кон Париз (15 км) и во попладневни часови можност за посета на Ајфеловата кула и да уживате во неверојатната панорамска глетка од трети спрат. По посетата на Ајфеловата кула предлагаме едночасовно Крстарење по Сена и да пројдете низ многубројните мостови и да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Потоа, се упатуваме кон најпознатата париска улица – Елисејските полиња, каде ќе имате можност да ја видите и Триумфалната капија. Враќање во хотел со метро. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, која програма започнува во 23:00 часот, а може и да прошетате низ познатата Пигал улица. Ноќевање.

- 3 ДЕН (09.10.2016- НЕДЕЛА) – ЛУВР –ДИЗНИЛЕНД.

- Појадок. По појадокот предлагаме факултативна посета со локален водич на еден од најбогатите светски музеи Лувр, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви до нивната преселба во Версај, и каде сега е дом на 65,300  уметнички дела меѓу кои познатата Мона Лиза. Потоа, предлагаме факултативна целодневна посета на Disneylandсо изнајмен автобус или РЕР и метро (во зависност од бројот на пријавени за оваа тура). Таму може да уживате во многубројните атракции, кои ги нуди паркот. За оние кои ќе останат во Париз може да посетат некои од познатите музеи Rodin, D’Orsay со познатите сликарски дела Монет, Ван Гог или операта Гарние,... Ноќевање.

- 4 ДЕН (10.10.2016 – ПОНЕДЕЛНИК) –ПАРИЗ -БОВЕ -СКОПЈЕ.

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и во 06.30 часот, организиран трансфер со автобус до аеродром (90 км). Полетување за Скопје во 09:35 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air со број на лет W6 7720. Слетување во Скопје во 12:20 часот.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
 Организатор на аранжманот е ТА Атлантис.
 Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
 За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
 За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.08.2016 година.
 Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
 Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  7 дена пред  датумот на започнување на истиот
 Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
 За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
 Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
 Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.


Ул. Никола Вапцаров 3/1, реон 8, Центар, Скопје
(до зградата на Технометал Вардар, спроти АМСМ испитниот центар)
тел. 078/ 439 829
Раб. време:
пон - пет
09:00 - 17:00 ч 
e-mail:
admin@kupinapopust.mк

Хотел „Grand Hotel Bansko 4*“
Локација: 150 m од центарот на Банско. Хотелот е реновиран во 2014 година.
Капацитет: • 6 згради (поврзани со внатрешни ходници) • 5 лифта• 65 double rooms (максимум 2 лица, 28-30 m²) • 43 double luxury rooms (максимум 2+1/3 лица, 35-40 m²) • 19 studios (максимум 2+1 лица, 35-40 m²) • 38 1-bedroom apartments (максимум 2+2/3+1 лица, 55-60 m²) • 14 2-bedroom apartments (максимум 4+2/5+1 лица, 75-80 m²). 
ХОТЕЛСКА СОДРЖИНА: • Ресторан • Лоби бар  • сеф (бесплатно)  • room service    • СПА центар  • Салон за убавина • Конференциска сала  • Продавница • Пеглање (со доплата)  • обезбеден паркинг (со доплата)  • паркинг необезбеден (бесплатно) 
ОПИС НА СОБИ: 
DOUBLE ROOM: • два одделни или еден брачен кревет  • централно греење   • сателитска ТВ • мини-бар • телефон  • радио • Wi-Fi (бесплатно)  • куптило со туш  • фен за коса • бањарка и папучи • балкон • чистење на собата - секој ден • промена на постелнина – 2 пати неделно • промена на крпи - секој ден
LUXURY ROOM: • два одделни или еден брачен кревет  • централно греење   • сателитска ТВ • мини-бар • телефон  • радио • Wi-Fi (бесплатно)  • куптило со туш  • фен за коса • бањарка и папучи • чистење на собата - секој ден • промена на постелнина – 2 пати неделно • промена на крпи - секој ден • софа кревет
APARTMENT: • дневна соба со кауч на пуштање и 1 или 2 одделни спални
ЗА ДЕЦА: • базен за деца  • детско креветче - бесплатно  • столче за хранење - бесплатно • електронски игри - со доплата
СПА центар:
Бесплатно користење на: • надворешен базен • внатрешен базен  • фитнес • џакузи  • сауна • инфрацрвена сауна  • локаниум парна бања  • релакс соба • хамам  • финска сауна  • солена сауна  • арома сауна 


Нудиме различни понуди за услуги и производи со безконкуретно ниски цени. Со тоа што на фирмите кои ги нудат услугите/производите ќе им обезбедиме поголем број на купувачи и ефективна реклама, добиваме ексклузивни попусти кои достигнуваат дури до - 90% од редовната цена.

Тоа е Моќта на Колективното Купување. Да ја искористиме.

kupinapopust е посредник при резервација на аранжманот, трговец е фирмата Т.А Atlantis со седиште на ул. Димитар Влахов бр. 18 - Струмица и ЕДБ MK4429016101231

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 12 ч. 10 мин.
 1 Купувач
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 10 ч. 47 мин.
 1 Купувач
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 10 ч. 13 мин.
 2 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 12 ч. 40 мин.
 
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 10 ч. 27 мин.
 4 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 12 ч. 19 мин.
 1 Купувач
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 12 ч. 19 мин.
 1 Купувач
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 12 ч. 19 мин.
 
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty - 42%
Ina Beauty
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty
Уште 12 ч. 19 мин.
 1 Купувач
Спермограм - анализа на семена течност - 17%
ПЗУ „Индус Медика“
Спермограм - анализа на семена течност
Уште 12 ч. 19 мин.
 
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда - 33%
ПЗУ „Индус Медика“
Пункција и хистопатолошки наод на тироидна жлезда
Уште 12 ч. 19 мин.
 
Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернист во Поликлиника Интермед Арт. - 15%
Поликлиника „Интермед Арт“, ТЦ Антико
Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернис...
Уште 12 ч. 19 мин.