68% попуст или само 290 ден. за релакс масажа на цело тело со етерични масла за опуштање и ревитализација на Вашето тело во студио „АЛТЕРНАТИВА“. Дозволете си препородување на телото и духот

Со купување на овој ваучер добивате 7 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 900 ден.
    • Попуст 68%
    • Заштедуваш 610 ден.
  • 86 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  04.07.2017  до  20.09.2017 

Добивате:
• 40 минутна релакс масажа на цело тело со етерични масла.
• Целосен третман на Вашето тело, релаксација и опуштање.
Појаснување:
• Ваучерот може да се користи веднаш.
 Потребна е претходна резервација на 078/ 429 - 295 или 02/ 6150 - 369.
 Понудата е наменета и за мажи и за жени.
 Доколку не го посетите салонот во закажаниот термин, ваучерот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат. Ако е потребно презакажување потребно е да се направи најмалку 24 часа пред веќе закажаниот термин.
 Масажата ја изведуваат физиотерапевти и професионално едуцирани масери со НПК сертификат за масажа.

 ул. Исаија Мажовски бр. 44 лок.6 населба Влае

(во близина на кулата во Порта Влае)

 тел. 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295
работно време:
пон - пет од 13:00 до 20:00 часот
сабота од 14:00 до 19:00 часот


 e-mail: 
info@studioalternativa.mk

 Facebook

  Потребна е претходна резервација на 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295


Студио „АЛТЕРНАТИВА“

Студио за масажи, мануелна терапија и едукација.
Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија.

Стресот и напнатоста се неминовен дел од секојдневниот живот на современиот човек. Најчесто се манифестираат со болки во вратот, грбот, преодот врат-грб, трапезиусите, рамениот појас, градните мускули и болки во рацете (особено надлактиците). Употребувајќи посебно избрани масажни техники за елиминација на болките и напнатоста во овие регии, ви нудиме 30 минутно задоволсто, уживање и релаксација.

Оригиналноста на масажите во Студио Алтернатива е тоа што кај нас пристапот е холистички и индивидуален за секој клиент. Масажата се состои од масажа на: грбот, вратот и рацете. Уникатната комбинација на класичната/шведска масажа и терапевтска масажа, со додавање на миофасцијални и длабокоткивни (deep tissue) техники, даваат посебен белег на оваа масажа во студио Алтернатива. Употребата на одредени техники од кинеската медицинска масажа- туина, како и употребата на вентузи, ја чини терапевтската масажа на грбот и вратот поефикасна. Освен релаксирачкиот и анти-стрес ефектот, оваа масажа е идеална и за терапевтски намени, кај лица со проблеми и болки во различни делови на грбот. За таа цел се потребни неколку третмани, најчесто 3-5, со што кај најголем број од нашите клиенти постигнуваме одлични резултати.

Ефектите на масажата ги зголемуваме со употреба на ароматизирани масла, најчесто со комбинација на портокал и еукалиптус. Етеричното масло од портокал е најчесто употребуваното етерично масло, кое има позитивно и благопријатно влијание на расположението, тонифицира, делува освежително и стимулативно, а е многу корисно и кај масна кожа и кожа со акни. Етеричното масло од еукалиптус има антимикробно, антисептичко, деконгестивно, антиинфламаторно и аналгетско дејство, што особено го зголемува ефектот на масажата.

Масажата влијае на човечкиот организам така што:
- ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата,
- ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите,
- ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,
- го релаксира нервниот систем, пред се со активација на автономниот нервен систем,
- со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и овозможува телото да се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот. Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално, а со терапевтските елементи во масажата се обидуваме да ги елиминираме или ублажиме болките и напнатоста во мускулите.

Терапевтската масажа на грбот и вратот се употребува кај следниве проблеми:
- Болки и вкочанетост во вратот
- Спондилоартрозни промени на рбетот
- Дископатии и дискусхернии
- Лумбаго и лумбоишијалгија
- Грч, напнатост и болки во мускулите на грбот и вратот.

Масажите ги изведува мануелен терапевт, физиотерапевт и едуциран масер. 

Студио „АЛТЕРНАТИВА“  e студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија. Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт,терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Паметен часовник Nitro N-Smart Watch 1 Advanced - 75%
„НИТРО Компјутери“ - нас. Кисела Вода
Паметен часовник Nitro N-Smart Watch 1 Advanced
Уште 7 дена и 14 ч.
 
Термин - 12.01 - 31.01.2019 год. 
Хотел „Redenka Holiday Club“ Банско
Термин - 12.01 - 31.01.2019 год. 
Уште 6 дена и 19 ч.
 4 Купувачи
Еднодневна шопинг тура во Солун, посета на COSMOS и IKEA секоја САБОТА во текот на Јануари - 21%
Т.А „Идеал Превоз“, Скопје
Еднодневна шопинг тура во Солун, посета на COSMOS и IKEA секоја С...
Уште 14 ч. 57 мин.
 5 Купувачи
Држач за очила за во автомобил - 76%
Тесла Лед
Држач за очила за во автомобил
Уште 14 ч. 57 мин.
 3 Купувачи
Термин 09.01 - 31.01.2019
Хотел „Royal Plaza 3*** - Боровец
Термин 09.01 - 31.01.2019
Уште 12 ч. 47 мин.
 
Термин - 01.01 - 28.02.2019 год. - 48%
Хотел „Terra Complex 4*“, Банско
Термин - 01.01 - 28.02.2019 год.
Уште 12 ч. 47 мин.
 8 Купувачи
Ноќевање во студио за 2 лица во Апартмани „Бубамара“
Апартмани „Бубамара“ - Крушево
Ноќевање во студио за 2 лица во Апартмани „Бубамара“
Уште 14 ч. 57 мин.
 
Термини - 02.01 - 31.01; 10.02 - 28.02 или 04.03 - 31.03.2019 год.
„Seven Seasons Hotel&Spa“ - с. Бања, Банско
Термини - 02.01 - 31.01; 10.02 - 28.02 или 04.03 - 31.03.2019 год...
Уште 14 ч. 57 мин.
 
iGlove ракавици во боја по избор - 58%
Мега Мобил, нас. Аеродром
iGlove ракавици во боја по избор
Уште 14 ч. 57 мин.
 5 Купувачи