ул. Кулиното бр. 5
Пирин Резорт
Разлог
Покажи ми го патот
e-mail:
bookings@terracomplex.com
телефон: 00359 88 277 7979
Facebook
web
• Задолжителна е претходна резервација на телефон 00359 88 277 7979 или на bookings@terracomplex.com
• Откажување на резервација без надомест е можно само 14 дена пред веќе закажаниот термин!
• За откажување на резервација при помалку од 14 дена пред резервираниот датум потребно е да платите еден целодневен престој!
• Ако го скратите времето на престој или одложите 7 дена пред веќе резервираниот датум потребно е да ја платите целокупната сума на веќе закажаниот термин!
• Откажување на резервација е можно преку е-маил и потребно е да добиете повратна информација од хотелот!
Terra Complex 4*
Хотелот е еден од најлуксузните прекрасно уредени хотели во таа област. Се наоѓа во долината на Разлог, во подножјето на Пирин Планина на само 10 минути оддалеченост од Банско.
Четирите огромни згради на комплексот располагаат со двокреветни соби и апартмани со една, две или три спални.
Сите соби располагаат со телевизор со рамен екра, WiFi, засебна бања со козметика, крпи и фен, кујна со неопходни елементи за употреба и пространи балкони со поглед кон Пирин планина или зеленилото на прекрасно уредената градина, поглед кој го одзема здивот.
Хотелот располага со еден внатрешен базен со загреана вода и еден надворешен базен поставен во раскошната градина на хотелот. Луксузниот СПА центар на хотелот располага со џакузи, финска сауна, парна бања, катче за масажи и релакс зона.
На располагање ви е и детско катче каде најмладите можат да се забавуваат и анимираат.
Хотелот располага со огромен ресторан кој ќе ви понуди сите вкусни традиционални и меѓународни специјалитети и можност да уживате во неговото разновидно мени. На располагање ви е и лоби барот каде можете дополнително да се опуштите и да уживате.