53% попуст или само 1390 ден. за комплетен гинеколошки преглед (пап, ехо, дигитална колпоскопија) во ПЗУ „Гинекомедика

Со купување на овој ваучер добивате 23 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 2950 ден.
    • Попуст 53%
    • Заштедуваш 1560 ден.
  • 1 Купувач
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  26.09.2018  до  30.11.2018 

Добивате:
 Вагинален преглед. 
 ПАП тест.
 ЕХО (со вагинална сонда и абдоминална сонда 2Д + 3/4Д).
 Дигитална видео колпоскопија.
 Извештај и дијагноза.
• Стручен совет за понатамошно лекување и добар третман.
 Прегледите ги прават Д-р Дејан Божиновски специјалист гинеколог - акушер и Д-р Силвана Божиновска специјалист гинеколог - акушер.
Појаснување:
• Ваучерот може да се користи веднаш со претходна резервација на 078/ 247 044
 За оваа понуда не е задолжително печатење на ваучерот. Доволно е да го покажете единствениот код од ваучерот преку вашиот мобилен телефон.


Ул.50 - та Дивизија бр 5, Скопје
Покажи ми го патот
Тел.
 078 247 044
Раб. време:
08:00 - 20:00 часот
Facebook

Потребна е претходна резервација на 078/ 247 044


ПЗУ „Гинекомедика“ - Како прва приватна гинеколошко-акушерска здравствена установа успешно се грижи и прогресивно напредува во згрижувањето на здравјето на жената во Р. Македонија од 1993 година. Веќе 20 години ви нуди хуман пристап, оригиналност, ефективност, ги промовира најдобрите решенија и е лидер во воведувањето на нови техники, технологии и методи на гинеколшко-акушерската здравствена заштита на женската популација во Македонија. Не двоумете се каде да го направите вашиот чекор кон подобро здравје затоа што ние сме пример дека искуството ги прави разликите и најдобро го докажуваме тоа!!! 
Услуги кои ги нуди „Гинекомедика“ се: 
Гинеколошки услуги:
1. Комплетен преглед
пап тест
Колпоскопија
4д ехо
2. Ласерско лекување, еднократно и безболно
- Ранички на грло на матка
HPV - (CIN) промени
Kондиломи(брадавици на генитални органи) кај мажи и жени
3. Утврдување на бременост 5 дена по изостанок на редовен менструален циклус
4. Водење на бременост
5. Пренатална дијагностика
6. Генетско советувалиште
7. Генетски сонограм
8. Скрининг за Down синдром
9. Преглед на дојка
10. Биопсија
11. Хименопластика
12. Бесплатни стручни консултации
13. HPV типизација
14. Земање брисеви за микробиолошки испитувања

Услуги на центарот за вештачко оплодување  (ИВФ):

1. IVF-ICSI
2. Интарутерина инсеминација
3. УЗ фоликулометрија
4. Аспирација на цисти
5. Хистеросалпинографија
6. Замрзнување на сперма
7. Чување на замрзната сперма
8. IMSI
9. TECE сепарација на сперма
10. Чување на TECE материјал
11. Спермограм

Тест по Папаниколау или попознат како пап-тест се прави со цел рано откривање на промени на грлото на матката, кои можат да доведат до пoјава на карцином, што значи  редовно правење на пап тестот е превенција од карцином. Заради превенција се препорачува да се прави на секои 6 месеци.  Потполно безболна метода.
Процедурата е следна:
Со стерилна четкица се зама брис од цервикс( грло на матка ). Се прави размаска на стакленце кое потоа се испраќа на цитолошко испитување.
Цитологија е наука за клетките, со што се подразбира дека патолозите  под микроскоп од размасаката гледаат промени во клетките. Секоја промена во одредена клетка асоцира на одредена специфична дијагноза. Со пап тестот се дијагностицираат инфекции и промени во клетки, предизвикани од вирусна етиологија, односно ХПВ вирус. Вируси од типот на ХПВ или бактерии не се докажуваат со пап тест,  туку со други испитувања( ХПВ типизација и Микробиолошки испитувања).
Колпоскопија е дијагностичка метода за набљудување на грло на матка и вагина, односно за следење на промени на грлото на матката . Се извршува со помош на апарат наречен колпоскоп  во кој е вградена леќа со помош на која сите промени се гледаат многу пати зголемени, па така и најмала промена може да се забележи и да не се дозволи да премине во понапреден стадиум. Апаратот не навлегува во внатрешноста на вагина, туку докторот само набљудува преку него. Поради тоа колпоскопијата е потполно безболна метода.
ПЗУ ГИНЕКОМЕДИКА располага со најнов 4D HIGH DEFINITION ULTRASOUND ехо апарат, единствен од таков вид на територијата на Република Македонија и нуди врвен квалитет на работа со него од страна на високоспецијализиран, професионален, стручен кадар.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Пакет од 60 третмани за слабеење - 10 тунел сауни, 10 врапинг цимет, 10 стимулации лимфна дренажа, 10 пресотерапии, 10 total vibes и 10 кардио вежби од по 30 мин. - 89%
Салон за убавина „ТРЕНД АС“- К. Вода kај Рампа
Пакет од 60 третмани за слабеење - 10 тунел сауни, 10 врапинг цим...
Уште 3 дена
 
Фарбање со фарба Revlon Proffesional + фенирање + миење со масажа на скалп и третман за сува и оштетена коса - 45%
Салон за убавина „ТРЕНД АС“- К. Вода kај Рампа
Фарбање со фарба Revlon Proffesional + фенирање + миење со масажа...
Уште 3 дена
 
Пакет од 30 третмани за слабеење - 10 кавитации, 10 total vibes и 10 стимулации  - 91%
Салон за убавина „ТРЕНД АС“- К. Вода kај Рампа
Пакет од 30 третмани за слабеење - 10 кавитации, 10 total vibes и...
Уште 3 дена
 
i7 TWS - Bluetooth earphones
X-Store
i7 TWS - Bluetooth earphones
Уште 3 дена
 1 Купувач
Наочари за зголемување - Zoom Vision
Kupinapopust.mk - нас.Центар
Наочари за зголемување - Zoom Vision
Уште 3 дена
 5 Купувачи