Парцијална, релакс, хавајска, кинеска, терапевтска, шведска или зимска масажа за болки во грбот, опуштеност и тотална релаксација на Вашето тело. Одберете го Вашето уживање овозможено од студио за масажа „Алтернатива“


Опции:

Со купување на овој ваучер добивате 5 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 600 ден.
    • Попуст 67%
    • Заштедуваш 401 ден.
  • 53 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  22.02.2018  до  31.05.2018 

 25 минутна парцијална масажа на грб и врат - 199 ден.
 50 минутна релакс масажа на цело тело - 399 ден.
 50 минутна хавајска „ломи ломи“ масажа - 450 ден.
 60 минутна ТУИ-НА традиционална кинеска масажа со акупресура - 450 ден.
 50 минутна топла зимска масажа на цело тело - 450 ден.
 50 минутна шведска масажа на цело тело - 399 ден.
 30/35 минутна медицинска масажа на грб и врат - 299 ден.

Појаснување:
 Задолжителна е претходна резервација на 078/ 429 295 или 02/ 6150 369
 Доколку не го посетите салонот во закажаниот термин, ваучерот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат. Ако е потребно презакажување потребно е да се направи најмалку 24 часа пред веќе закажаниот термин.
 Понудите важат и за мажи и жени.
 Масажата ја изведуваат физиотерапевти и професионално едуцирани масери со НПК сертификат за масажа.

 ул. Исаија Мажовски бр. 44 лок.6 населба Влае

(во близина на кулата во Порта Влае)

 тел. 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295
работно време:
пон - пет од 13:00 до 20:00 часот
сабота од 14:00 до 19:00 часот


 e-mail: 
info@studioalternativa.mk

 Facebook

  Потребна е претходна резервација на 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295


Студио „АЛТЕРНАТИВА“

Студио за масажи, мануелна терапија и едукација.
Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија.

Стресот и напнатоста се неминовен дел од секојдневниот живот на современиот човек. Најчесто се манифестираат со болки во вратот, грбот, преодот врат-грб, трапезиусите, рамениот појас, градните мускули и болки во рацете (особено надлактиците). Употребувајќи посебно избрани масажни техники за елиминација на болките и напнатоста во овие регии, ви нудиме 30 минутно задоволсто, уживање и релаксација.

Оригиналноста на масажите во Студио Алтернатива е тоа што кај нас пристапот е холистички и индивидуален за секој клиент. Масажата се состои од масажа на: грбот, вратот и рацете. Уникатната комбинација на класичната/шведска масажа и терапевтска масажа, со додавање на миофасцијални и длабокоткивни (deep tissue) техники, даваат посебен белег на оваа масажа во студио Алтернатива. Употребата на одредени техники од кинеската медицинска масажа- туина, како и употребата на вентузи, ја чини терапевтската масажа на грбот и вратот поефикасна. Освен релаксирачкиот и анти-стрес ефектот, оваа масажа е идеална и за терапевтски намени, кај лица со проблеми и болки во различни делови на грбот. За таа цел се потребни неколку третмани, најчесто 3-5, со што кај најголем број од нашите клиенти постигнуваме одлични резултати.

Ефектите на масажата ги зголемуваме со употреба на ароматизирани масла, најчесто со комбинација на портокал и еукалиптус. Етеричното масло од портокал е најчесто употребуваното етерично масло, кое има позитивно и благопријатно влијание на расположението, тонифицира, делува освежително и стимулативно, а е многу корисно и кај масна кожа и кожа со акни. Етеричното масло од еукалиптус има антимикробно, антисептичко, деконгестивно, антиинфламаторно и аналгетско дејство, што особено го зголемува ефектот на масажата.

Масажата влијае на човечкиот организам така што:
- ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата,
- ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите,
- ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,
- го релаксира нервниот систем, пред се со активација на автономниот нервен систем,
- со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и овозможува телото да се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот. Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално, а со терапевтските елементи во масажата се обидуваме да ги елиминираме или ублажиме болките и напнатоста во мускулите.

Терапевтската масажа на грбот и вратот се употребува кај следниве проблеми:
- Болки и вкочанетост во вратот
- Спондилоартрозни промени на рбетот
- Дископатии и дискусхернии
- Лумбаго и лумбоишијалгија
- Грч, напнатост и болки во мускулите на грбот и вратот.

Масажите ги изведува мануелен терапевт, физиотерапевт и едуциран масер. 

Студио „АЛТЕРНАТИВА“  e студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија. Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт,терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Омбре нијансирање или прамени на фолија + фенирање - 76%
Студио „Ин Малова“ - Карпош 4
Омбре нијансирање или прамени на фолија + фенирање
Уште 2 дена и 8 ч.
 
10 минутен лежечки Turbo lyxure солариум - 84%
Студио „Ин Малова“ - Карпош 4
10 минутен лежечки Turbo lyxure солариум
Уште 2 дена и 8 ч.
 
Цел пакет третмани (јонизација, механичко чистење, дијамантска микродермоабразија, хемиски пилинг, маска и крема) - 67%
Дерматoлошка орд. „Дерма Плус“-во зградата до Бисер
Цел пакет третмани (јонизација, механичко чистење, дијамантска ми...
Уште 2 дена и 10 ч.
 
Термин - 12.01 - 31.01.2019 год. 
Хотел „Redenka Holiday Club“ Банско
Термин - 12.01 - 31.01.2019 год. 
Уште 8 дена и 14 ч.
 
Tрајна ласерска епилација на регија надусници, бикини или пазуви - 34%
Дерматoлошка орд. „Дерма Плус“-во зградата до Бисер
Tрајна ласерска епилација на регија надусници, бикини или пазуви
Уште 2 дена и 10 ч.
 
Еднодневна шопинг тура во Солун, посета на COSMOS и IKEA секоја САБОТА во текот на Јануари - 21%
Т.А „Идеал Превоз“, Скопје
Еднодневна шопинг тура во Солун, посета на COSMOS и IKEA секоја С...
Уште 2 дена и 10 ч.
 4 Купувачи
HAMACHI електричен тротинет ЕТ - А9 - 9%
Римеко
HAMACHI електричен тротинет ЕТ - А9
Уште 2 дена и 8 ч.
 
HAMACHI електричен тротинет ЕТ- А11 - 9%
Римеко
HAMACHI електричен тротинет ЕТ- А11
Уште 2 дена и 8 ч.
 
SAMSUNG микробранова ME 71A / BOL - 12%
Римеко
SAMSUNG микробранова ME 71A / BOL
Уште 2 дена и 8 ч.
 
Држач за очила за во автомобил - 76%
Тесла Лед
Држач за очила за во автомобил
Уште 2 дена и 10 ч.
 3 Купувачи