Добивате:
• Стол на расклопување за надворешна употреба - модел ASKHOLMEN
• Карактеристики на производот:
- Материјал: багремово дрво
- Боја: кафена
• Димензии на производот:
- Длабочина: 49 цм
- Ширина: 36 цм
- Висина: 87 цм
- Седло, ширина: 36 цм
- Седло, длабочина: 30 цм
- Седло, висина: 46 цм
• Шифра: 502.400.31
Појаснување:
• Постои можност да си одберете било каков производ од Ikea, а ние истиот да го нарачаме за Вас! Потребно е само да ни го пишете кодот на производот! Повеќе инфо за нашата соработка со Икеа и за процесот на нарачување може да погледнете на следниов линк - Производи од Икеа
• Напомена: Производот се подига од канцелариите на kupinapopust.mk, најкасно 2 до 3 недели од денот на уплатата!
Производите на Ikea се произведени по најнови и најсовремени стандарди, ги поседуваат сите сертификати за безбедност, функционалност, ефикасност и квалитет.
Појаснување:
• На www.ikea.bg или www.ikea.rs може да ги погледнете актуелните производи.
• Потребно е да ни го испратите на e-mail admin@kupinapopust.mk кодот од производот (види пример слика подоле) , а ние за истиот ќе ви одговориме колку чини. По нарачката производот го подигате веднаш од нашите канцеларии доколку го имаме на залиха или потребно е да причекате 2-3 недели.

Достава:
• Производите се подигнуваат од нашите канцеларии лоцирани на ул. Никола Вапцаров бр. 3/1, нас. Центар, Скопје ( веднаш наспроти АМСМ испитниот центар ) - МАПА.
• Доколку не сте во можност да го подигнете производот сами, пишете ни на admin@kupinapopust.mk Ваше име и презиме, е-маил адреса со кој е купен ваучерот, точна адреса каде сакате да го доставиме производот и телефон за контакт.
• Доставата за Скопје за пратки до 1кг чини само 99 ден.
• За другите градови до 1кг – 130 ден.
• Пратките пристигаат за 1 до 2 дена за Скопје и 5 до 7 дена за низ републиката.
• Напомена: За достава низ цела република за приградски населби, индустриски зони и села со оддалеченост до 5 км од регионален пат со пристапен пат за достава – + 50 ден од цената за достава.
Нешто повеќе за IKEA
Доколку редовно нé следите, знаете дека сме постојано посветени на тоа да ве израдуваме со сé поголеми попусти и одлични понуди. Сметаме дека со можноста да купувате од дома производи од брендот ИКЕА значително допринесуваме во остварување на вашата желба да го подновите вашиот дом или канцеларија со мебел од овој познат светски бренд!
IKEA е еден од гигантите во производство и продажба на мебел. Во текот на изминатите децении ги освои потрошувачките срца ширум светот со пристапните цени и минималистички шведски дизајн. Основана е 1943 година во Шведска од страна на Ингвар Кампрад. Тој уште на 17-годишна возраст започнал со продажба на чкорчиња, пенкала и ситен мебел. Во тие воени и сиромашни години, ја основа својата компанија за мебел, и ѝ го дава името IKEA (акроним од неговите иницијали, и почетните букви на градот каде што е роден и фармата каде што пораснал). Првите испораки на ситен мебел ги вршел со својот велосипед, а потоа со камион за испорака на млеко. Останатото, како што велат, е историја.
Денес 91-годишниот Ингвар Кампрад е еден од најбогатите луѓе во светот. Иако располага со имот од 23 милијарди долари, тој е неверојатно скромен. Се вози со економска класа во авионите, не се одвојува од својот автомобил “Волво 240”, а сите што добро го познаваат ќе ви потврдат дека има обичај и по неколку пати да ја искористи кесичката за чај или да ги земе мини пакувањата со сол и шеќер од ресторан. Еднаш не го примиле на гала вечера каде што требало да ја добие наградата “Бизнисмен на годината” затоа што на приемот дошол со автобус!
Во 1974 година Ингвар ја има напишано книгата “Тестамент на продавачот на мебел”, каде што ги изнесе своите принципи на работа кои му овозможија да се збогати. Еден од нив е т.н. демократски дизајн, кој подразбира 5 елементи: одржливост, ниска цена, форма, функционалност и квалитет.
Токму овие 5 елементи придонесоа за огромната популарност на IKEA која од година на година е сé поголема во светски рамки.
Денес, повеќе од 500 милиони купувачи пазаруваат во IKEA, која има повеќе од 300 стоковни куќи во 36 земји и 42 дистрибуциски центри во 18 земји. Стоковната куќа која ја има во Стокхолм зафаќа површина од 10 фудбалски терени.
Во понуда има околу 9500 парчиња мебел, а со стоката која ја доставува на годишно ниво би можеле да се наполнат 9000 олимписки базени до врвот.
Дали знаете дека секоја година се штампаат повеќе IKEA каталози отколку Библии? Неверојатно, но вистинито!
Интересно е да се знае како производите ги добиваат своите имиња. Имено, мебелот од ратан се крсти по имињата на шведските градови и села, креветите добиваат имиња на норвешките, а трпезариските маси и столови по фински топоними. Фотелјите секогаш имаат машки, а завесите женски имиња, детските играчки пак се именуваат според животни и птици…и сето тоа затоа што Ингвар Кампрад боледувал од дислексија, па му било полесно производите да ги запомни по име, отколку по броеви на артикли.
А сега, бидејќи знаеме дека нестрпливо ја очекувате нашата понуда, повелете линкот каде што можете да ги видите IKEA производите кои желно ве очекуваат!
Столици и трезариски маси, фотелји, шкафчиња, полици за книги, работни маси, ТВ комоди, фиокари…се потрудивме да избереме производи кои се есенцијални за секој дом, а воедно нема да го оптеретат вашиот буџет.
Сега повеќе не морате да одите специјално до Солун или Софија во потрага по омиленото парче мебел. Нема повеќе гужви, чекање на граници, хаос додека го барате посакуваното столче или масичка, а тоа можеби веќе се продало. Не заборавајте, со Kupi na Popust штедите време, нерви и многу пари, а штом се работи за IKEA, задоволството е двојно, затоа што добивате врвен скандинавски мебел по најниска можна цена!
Сé што треба да сторите е да го изберете посакуваниот IKEA производ, да го уплатите и потоа да почекате да ви стигне. Производите ги нарачуваме секој петок и ги добиваме наредниот петок.
Значи, за само 2 до 3 недели го добивате долго посакуваното парче IKEA мебел. Без никакви грижи, трошоци и турканици, имате можност да го добиете производот директно на врата. Фантастично, нели?
Драги наши, разубавете го ентериерот со мебелот на IKEA! Нека вашиот дом или канцеларија заблеска со скандинавски сјај. Уживајте во врвната IKEA елеганција и квалитет со помош на Kupi na Popust! И секако, следете нé за нови фантастични понуди и изненадувања. До читање!
kupinapopust е посредник при промоцијата и продажбата на производите. Трговец е Друштво за производство , трговија и услуги ХОУМ МАРКЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Делчево со седиште на ЗВЕГОРСКА РЕКА 27, Делчево и ЕДБ MK4009017505957
Може да ве интересираат и следниве понуди:

Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Хемиски пилинг со овошни киселини за регенерација на кожата на ва...

Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Ласерски третман на габични инфекции на нокти во специјалистичкат...

Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Оксигенски третман на лице за здрав изглед на вашата кожа во спец...

“Green Master“ Македонија
60 капсули Dr.Nature Витамин Ц + Цинк SR

“Green Master“ Македонија
Dr. Nature омега 3 рибино масло 1000мг - 90 капсули

“Green Master“ Македонија
Dr. Silver - апарат за сребрена вода

“Green Master“ Македонија
MaxiVita магнезиум + Б6 - 30 таблети

“Green Master“ Македонија
MaxiVita здрава коса - 30 таблети

“Green Master“ Македонија
Колаген ФОРТЕ плус - 60 капсули - ја спречува болката и трошењето...

Салон за убавина „LUX Beauty“
Депилација на раце, нозе и интима во

Салон за убавина „LUX Beauty“
Медицинск масажа во времетраење од 45 мин. во салон за убавина „L...

Салон за убавина „LUX Beauty“
Наливни нокти во Салон за убавина „LUX Beauty“

Салон за убавина „LUX Beauty“
Гел лак на природни нокти во Салон за убавина „LUX Beauty“

Салон за убавина „LUX Beauty“
Релакс масажа на цело тело во времетраење од 45 мин. во салон за ...

Физио Велеа Центар
Масажа по избор + гратис Вендузи во Физио Велеа Центар

Физио Велеа Центар
Хиџама-Вендузи во Физио Велеа Центар

Физио Велеа Центар
Парцијална или целосна масажа во Физио Велеа Центар

Физио Велеа Центар
Комбинација од масажи во Физио Велеа Центар

Физио Велеа Центар
Акупунктура во Физио Велеа Центар

Физио Велеа Центар
Киропрактика + масажа во Физио Велеа Центар

Физио Велеа Центар
Хијалуронски филер на уста во Физио Велеа Центар

Мое студио „Дадар“ - Центар
Шишање, третман со макадамија за длабинска хидратација и фенирање...

ПЗУ Дента Леа Л&В
Вметнување циркон на заб со врвен квалитет во ПЗУ "ДЕНТАЛЕА ЛИВ"

ИНСТИТУТ РС
Меѓународна диплома за Photoshop

Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Ласерски третман на габични инфекции на нокт во салон за убавина ...
