Добивате:
• Шведска масажа во времетраење од 40 мин.
• Користење на СПА (џакузи, топли лежалки, парна бања и сауна) во времетраење од 60 мин.
• Уживање, опуштање и релаксација во прекрасен амбиент
Појаснување:
• Ваучерот може да се користи веднаш.
• Задолжителна е претходна резервација на термин на тел. 02/ 6 092 191; 02/ 6 092 192 или 078/ 286 406
• Спа центарот работи од понеделник до недела од 11:00 до 21:00 часот.
Ул. Леринска 2
Скопје, Македонија
Покажи ми го патот
тел. 02/ 6 092 191
02/ 6 092 192
078/ 286 406
e-mail:
info@gardenspa.com.mк
Facebook
WEB
• Задолжителна е претходна резервација на тел: 02/ 6 092 191; 078/ 286 406 и 02/ 6 092 192
„Garden Spa Boutique Hotel“ - Скопје
Дозволете си спа уживање во одличниот спа центар на хотелот.
Прв пат во сауна? Еве што треба да знаете и правите!
Соблечете се, истуширајте се, исушете се и влезете (носејќи единствено крпа) во сауната. Првичното непријатно чувство предизвикано од топлината брзо исчезнува штом ќе се навикнете. Затоа започнете со покуси временски периоди - на пр. со 4 минути. По неколкуте минути внатре излезете и истуширајте се со поладна вода. Повторно влезете и останете подолго. Потоа, излезете, истуширајте се повторно, одморете се и облечете се.
Со самото спомнување на термините спа и козметика, често помислуваме на најкраткиот пристап до природата во секојдневниот живот. Директната поврзаност на Хотел Гарден Спа со познатиот лондонски бренд Гарден Спа козметички салони, гордо ни дава можност да ви го понудиме чувството на најсовремените методи на третмани за кожата и за грижата за здраво телото.
Не размислувајте дали да ја искористите шансата да го пробате овој уникатен метод (топли легла, неколку видови масажи) со помош на нашиот тим од специјалисти и најдобро обучени козметичари, за третмани со врвна и целосно природна козметика на база на грозјето и виното.
Гарден Спа бутик хотел е лоциран во центарот на Скопје, динамичната престолнина на Република Македонија и во подножјето на планината Водно. Во нашиот бутик хотел ќе најдете пријатно и мирно ќоше за вашиот удобен престој. Ви нудиме неспоредлив избор на некои од најпосакуваните вредности денес: чувството на спокојство, несовладливото здравје и вкусот на раскошноста.
Уживајте во здрав и вкусен појадок со вкусната кујна од органски состојки, во опуштена и лежерна атмосфера. Соврешно за луѓе кои сакаат да јадат здраво, да бидат во врвна физичка форма и да живеат во балансирано секојдневие. Во содејство со принципите на Гарден Спа бутик хотелот.
Во вашата потрага по бизнис и социјални (но и хедонистички) обврски и желби, кај нас ќе откриете како културата и традицијата совршено се испреплетуваат со современиот живот. Следете го патот на виното! Ова е во содејство на концептот на Хотел Гарден Спа за промовирање на најдоброто од нашата стара виноградска култура и модерните трендови на нашето време.
Во нашиот вински клуб секојдневно и за викенди се одржуваат презентации на специјални селекции на вина од признатата македонска винарија Попова Кула, и тука можете да ги доживеете милениумите историја и традиција во врвните богати вина од овој регион, кој е осончан преку целата година.
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ХОТЕЛ ГАРДЕН СПА. СЛЕДЕТЕ ГО ПАТОТ НА ВИНОТО!