• 2 ноќевања за 1 лице во трокреветни и четворокреветни апартмани + автобуски превоз + придружник на патувањето - 4278 ден. (69 евра)
• 2 ноќевања за 1 лице во двокреветни апартмани + автобуски превоз + придружник на патувањето - 4898 ден. (79 евра)
Појаснување:
• Понудата е за 1 лице за 2 ноќевања и е валидна само за Нова Година во период од 29.12 - 01.01.2019 год.
• Цената не вклучува:
- Факултативна посета на Дубровник
- Факултативна посета на Porto Montenegro
- Дочек на Нова Година во дискотека
- Влезници по музеите и културно историските споменици
- Задолжително патничко и здравствено осигурување
• Програма на патувањето:
- 29.12.2018 (сабота) Скопје - Будва - Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
- 30.12.2018 (недела) Будва - Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот со водич. Сместување. Вечерта можност за факултативна посета во некој од бројните ноќни клубови.
- 31.12.2018 (понеделник) Будва - Porto Montenegro, Тиват - Можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, Тиват. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности. Враќање во сместувањето. Вечерта можност за дочек на Нова Година во ноќен клуб.
- 01.01.2019 (вторник) Дубровник - Напуштање на апартманите и можност за факултативна посета на Дубровник. Еден од најсарите градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15ти и 16ти век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море. Овде е снимена серијата Game of Thrones, причина плус зошто да се посети. Слободно време и во попладневните часови тргнуваме за Македонија. Ноќно возење преку Албанија и Косово. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови во среда.
• kupinapopust не е организатор на патувањето, туку само посредник при реализација на аранжманот. Организатор на
патувањето е T.A „STAFF“
Постапка за превземање на ваучерот:
• Пред да го купите ваучерот, Ве молиме јавете се на тел. 078/ 439 829 или пишете на admin@kupinapopust.mk за да проверите дали има слободни места. Откако ќе Ви потврдат дека има слободно место, го купувате ваучерот и повторно се јавувате во агенцијата за да кажете Име и Презиме, број на пасош, кодот од ваучерот и контакт тел. Не е потребно да одите лично во агенцијата, туку на денот на тргање потребно е да го прикажете ваучерот во автобус. Можете да го прикажете од вашиот мобилен телефон или таблет. Не е задолжително да го имате испечатен ваучерот.
Ул. Балканска бр.1
Покажи ми го патот
Тел: 022 774 371
е-mail:
info@staff.mk
Facebook
WEB
Работно време:
од 10:00 - 18:00 часот и
сабота од 10:00 - 15:00 часот
Туристичка агенција „STAFF“ - Патувањето е секогаш добра идеја. Ние тоа го знаеме и сакаме да го знаете и Вие. Не читајте за некаде, да не слушате за тоа од вашите пријатели, да не го гледате во некој филм и да кажете дека е невозможно да се доживее. Ова е нашата мисија.