Вивнете во височините и доживејте ја Македонија од еден поубав агол со најискусните и најдобри пилоти на параглајдер во регионот! Параглајдерски тандем лет на Водно, Скопска Црна гора или Крушево со мастер инструктор за само 2500 денари! Искористете го попустот од 50% за вистинско адреналинско доживување со училиштето за екстремни спортови „ACRO MACEDONIA“

Со купување на овој ваучер добивате 42 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 5000 ден.
    • Попуст 50%
    • Заштедуваш 2500 ден.
  • 17 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  30.04.2015  до  30.09.2015 

Добивате:
Тандем лет со параглајдер со мастер инструкторот Мендо Велјановски.
Организација за транспорт до местото на полетување (доколку немате превоз, може да се договорите со инструкторот за превоз со доплата кај инструкторот).
Кратка обука со патниците (припрема за полетување, летање и слетување).
Лет во времетраење до 15 минути.
Видео од тандем летот (летањето се снима и од него можете да извадите и слики).
Појаснување:
Купонот може да се користи до 30.09.2015.
Задолжителна е претходна резервација на тел.077/ 670 - 858
, лице за контакт Мендо Велјановски (мастер инструктор и менаџер на Акро Македонија), со цел да се договорите за сите детали околу летот.
Места за летање со оваа понуда се: Водно, Скопска Црна гора и Крушево

ул.Струшка број 14б, Скопје
Покажи ми го патот

 тел. 077 670 858


 e-mail:
paraglidingaerobatics@hotmail.com

 www.acromacedonia.com

 Facebook

Потребна е претходна резервација на тел. 077/ 670 - 858.

Училиште за екстремни спортови „ACRO MACEDONIA“

Доколку сте во потрага по возбуда, забава, есктремно задоволство, адреналин или едноставно нешто повеќе и сте подготвени да одите по патот кој не го одбираат сите, кадешто небото не претставува лимит и реалноста ги надминува соништата тогаш јавете се во училиштето за екстремни спортови „ACRO MACEDONIA“

Во соработка со искусниот тим, имате можност да го погледнете градот Скопје или Крушево од една поинаква перспектива, поглед и чувство на слобода кои ќе ви го одземат здивот и ќе го донесат вашиот адреналин на максимално ниво! По куса  подготовка од страна на искусните професионалци, се лета од падините на наведените локации, користејки соодветна безбедносна опрема и облека. Се лета на висина од 1000 метри (за во Скопје), а се слетува во Тафталиџе карши Супер Маркетот Веро.

Линкови на кои ќе можете да видите дел од тандем летањето:

Линк 1

Линк2

Имате можност да летате со параглајдер заедно со параглајдинг пилотот Мендо Велјановски, мастер инструктор и менаџер на Акро Македонија. Господинот Мендо прв го има донесено параглајдерството на Балканот и во Македонија. Активно се натпреварува во прелети со парарглајдер на Светските купови од 1992, а од 2002 година се натпреварува на првиот Светски Акробатски Куп. Во 2002 со уште неколку пилоти од светот влегува во Гинисова книга на рекорди, а во 2003 станува Вице Шампион на светот во оваа дисциплина. Во 2007 влегува во историја на воздухопловството на Австралија како прв човек што со акробатски параглајдер скока од Балон и прави акробации над Тихиот океан, да веднаш потоа го отвори Светското првенство во Австралија со скок и акробации од парамотор. Во 2009 ја претставува Македонија на Светските воздушни игри во Торино. Целиот натпревар се одржува со скокање од хеликоптер. Покрај целото ова огромно искуство Мендо во Австралија држи курсеви по акробатско летање. Две години има работено и во Непал како Тандем пилот и држел акробатски курсеви со тандем.

Летот може да се претвори во одличен роденденски подарок или и во предлог за брак, со тоа што постои можност за отварање на пароли со текст.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернист во Поликлиника Интермед Арт. - 15%
Поликлиника „Интермед Арт“, ТЦ Антико
Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернис...
Уште 21 ч. 17 мин.
 
Кралски третман 3 во 1 во козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“ - 20%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Кралски третман 3 во 1 во козметички салон и центар за едукација ...
Уште 22 ч. 43 мин.
 
PF Face Lifting на лице - 23%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
PF Face Lifting на лице
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Шеќерна депилација на интима - 18%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Шеќерна депилација на интима
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Кислороден третман на лице - 23%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Кислороден третман на лице
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Тегови од 55кг
OnlineShopping Mk
Тегови од 55кг
Уште 22 ч. 43 мин.
 1 Купувач
Тегови од 45кг
OnlineShopping Mk
Тегови од 45кг
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Tегови од 25кг
OnlineShopping Mk
Tегови од 25кг
Уште 22 ч. 43 мин.
 
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска или релакс) - 33%
Салон за масажа „Серџо“
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска или релакс)
Уште 22 ч. 43 мин.
 4 Купувачи
Рафтинг авантура на Тара - Термин - 22.04 - 27.09.2024 год. - 45%
„Highlander“ - Кањон Дрина
Рафтинг авантура на Тара - Термин - 22.04 - 27.09.2024 год.
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Хиџама третман за грб - 35%
La Vita-Em
Хиџама третман за грб
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Powder Brows во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 42%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Powder Brows во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“
Уште 22 ч. 43 мин.
 
Освежителен третман за лице со RENERGIQUE'S професионална француска колекција - 51%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Освежителен третман за лице со RENERGIQUE'S професионална францус...
Уште 22 ч. 43 мин.
 1 Купувач