Добивате:
• 2 килограми кварцни кристали во боја и димензии по ваш избор.
• Одлично декоративно решение за ваш поубав дом, канцеларија, дуќан и слично.
Појаснување:
• Ваучерот може да се користи веднаш.
• За вашата нарачка треба да испратите e-mail на metalotehnikadoo@gmail.com во кој ќе го испратите вашиот код, големината и бојата на кристалите и доколку сакате достава до вашиот дом треба да ја наведете и адресата.
• За доставата се доплаќа во зависност од нарачаната количина. За подетални информации за цената на доставата јавете се на 075/379-199 и 048/613-750
ул.Прилепски бранители бр. 23
Прилеп
Покажи ми го патот
e-mail: metalotehnikadoo@gmail.com
телефон: 048/ 613 – 750
076/ 473 – 611
web
„Металотехника“
Термоизолациониот материјал „ТермоСтоп“ претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.
Главна карактеристика на овој материјал е неговото инзворедно термоизолационо својство, со дебелина од 2мм. Меѓутоа, имајќи го во предвид опишаниот состав и структура, овој материјал е одличен и звучен изолатор. Благодарение на своите својства „ТермоСтоп” ги штити премачканите површини од корозија, што е многу важно во примената во индустријата. Звучните и термо изолациони својства на овој материјал го прават погоден за примена во градежните објекти.
Материјалот се нанесува на површината исто како и акрилните бои, со широк спектар на примена во однос на сите други изолациони материјали, кои моментално може да се најдат на пазарот.
Се нанесува на површини од било кој облик и состав, на бетон, метал, пластика, стакло, цигла и на скоро сите други индустриски и градежни материјали.
Аплицирањето на овој материјал може да се врши глетарица или со распрскувач ( за професионални примени) или со обична четка (за помали апликации). Во својот основен облик, материјалот е во бела боја, но може да се тонира или после сушење да се префарба во било која боја без губење на своите изолациони својства.
Поради големата хомегеност, еластичност, водоотпорност и другите својства „ТермоСтоп” се карактеризира со неговата трајност на експлоатација повеќе од 10 години на отворен и повеќе од 25 години на затворен простор.