Добивате:
• Ноќевање во чисти и добро опремени апартмани лоцирани веднаш до плажа.
• Сопствена опремена кујна, купатило, дневна и спална соба како и комплетна опрема за готвење.
• Прекрасна можност за уживање далеку од градскиот метеж.
• Вистинска шанса за релаксација и опуштање покрај море.
Појаснување:
• За сите апартмани се доплаќа 12 евра од лице по ноќевање при превзимање на собата.
• Потребно е да се остварат минимум две ноќевања.
• Купениот купон во вредност од 10 евра ви го обезбедува првото ноќевање. Се доплаќаат сите останати ноќевања.
• Еден купон се однесува на едно лице.
• Цените се валидни до 10-ти Јуни.
• Најнапред е потребно да добиете потврдна информација дека апартманот е слободен за вашиот посакуван датум на патување. Резервациите се прават на e-mail: apartmanipefkohori@gmail.com или на 075 432 949 и +306998729020 (на двата телефонски броја може да се контактира и преку VIBER).
• По добивањето на потврдата дека има слободен апартман го купувате купонот и го испраќате на e-mail: apartmanipefkohori@gmail.com како потврда на резервацијата.
• При сместувањето го прикажувате купонот и во зависност од бројот на ноќевање ја доплаќате сумата.
• Климата е вклучена во цената.
• Апартманите се за максимум 4 до 6 лица.
• За сите подетални информации околу организиран превоз пишете на: apartmanipefkohori@gmail.com
e-mail: apartmanipefkohori@hotmail.com
тел. 075 432 949 (viber)
• Потребна е претходна резервација на: apartmanipefkohori@hotmail.com или на 075 432 949
• Задолжително е прикажување на купонот при искористување на услугата.
• Без прикажан купон не гарантираме за попустот и условите на понудата.
Пефкохори е едно од најинтересните места на Халкидики, кое се наоѓа на самиот крај на полуостровот, на внатрешната страна на полуостровот Касандра со поглед кон заливот Торонеос одалечено од Солун 107км. Местото е опкружено со борова шума чиј мирис во комбинација со тиркизно сината боја на Егејот ќе допринесе Вашиот одмор да биде како од соништата.
На 8-9km од Пефкохори се наоѓа преубавата песочна плажа „Xenia Beach“. Топло Ви препорачуваме да ја посетите.
Ханиоти е познато грчко летувалиште сместено во внатрешната страна на полуостровот Касандра во областа Халкидики. Се наоѓа на околку 100 km од Солун и претставува едно од најубавите туристички места на Халкидики. Морето во заливот Торонеос е чисто и топло, а климата погодна за развој на вегетацијата.