320 ден. за комплетен очен преглед (анамнестичка обработка, директна и индиректна биомикроскопија, преглед на очните структури и очно дно, мерење очен притисок, одредување рефракциски статус). Искористете го попустот од 68% и посетете ја реномираната поликлиника за очни болести „ОФТАЛМОС“

Со купување на овој ваучер добивате 8 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 1000 ден.
    • Попуст 68%
    • Заштедуваш 680 ден.
  • 78 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  18.05.2015  до  31.08.2015 

Добивате:
• Комплетен очен преглед на Вашите очи.
• Анамнестичка обработка на пациентот.
• Преглед со директна и индиректна биомикроскопија.
• Преглед на очните структури и очно дно.
• Мерење на очен притисок со безконтактен тонометар.
• Одредување на рефракциски статус.
Појаснување:
• Прегледите ги извршува Д-р Пандов Стојан, офталмохирург.
• Ваучерот може да се користи веднаш. Задолжителна е резервација на термин. 
• Со купонот следува одредување на диоптер во случај да не е потребно ширење на зеницата. Доколку е потребно ширење на зеницата за точно одредување на диоптерот се доплаќа 300 ден.
 За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.

Ул. Осма ударна бригада
бр. 20 нас. Центар, Скопје
(во близина на
Италијанска амбасада)
Покажи ми го патот
тел:  02/ 3 222 533
072 666 607
e-mail:  
contact@ophthalmos.com.mk

 Задолжителна е претходна резервација на 02/ 3 222 533 или 072 666 607

Поликлиниката за очни болести „Офталмос“

Поликлиниката за очни болести Офталмос во својот оперативен блок врши неколку оперативни захвати на болести од очното јаболко и неговите додатни анатомски структури во услови на локална анестезија и амбулантен претстој.

1 - Операција на катаракта или старачко перде.
За операцијата не е потребна биохемија на крвта или други клинички испитувања. На денот на операцијата се врши комплетен очен преглед , ехографија со Б скен и биометрија - припрема. Операцијата се изведува со локална анестезија (капки).

Текот на оперативниот захват е застапен со сите етапи за факоемулзификација, така да ИОЛ (вешптачка лека) се имплантира во предходно припремената вештачка врекичка од природната лека. Крајот на операцијата е конвенционален. Оперативниот захват трае околу 20 - 30 мин. По оперативниот захват пациентот си оди дома. Пост оперативното лекување и контролни прегледи до месец дена се во горе споменатата цена на чинење.

2 - Операција на глауком или зелено перде
За операцијата ни е потребна периметрија или видно поле. Други клинички и лабораториски испитувања не се потребни. Операцијата се изведува во локална анестезија (капки). Операцијата се состои во оперативно премостување на коморниот агол од предната комора или трабекулектомија. Оперативниот захват трае 20 – 30 минути а потоа пациентот си оди дома. Постоперативното лекување и контролни прегледи до месец дена се вклучени во цената на оперативниот захват.

Поликлиниката за очни болести Офталмос е меѓу првите приватни очни Установи во земјата. Започна со работа во август месец 2004 година и е опремена со современа апарати и машини за извршување на дијагностички, терапевтси и хируршки дејности во современата Офталмологија.

Апаратите и машините во Офталмос овозможуваат поставување на рана и точна дијагностика на сите очни болести и адекватно современо лекување соодветно на современите светски стандарди.


-директна и индиректна биомикроскопија и офталмоскопија.
-компјутеризирана дијагностика на рефракциските аномалии
-ехографија со А + Б скен и Биометрија
-компјутеризирана периметрија со машина Октопус 101.
-Фундус камера за Флуоресцеинска ангиографија и фотодокументација на очното дно во боја.
-Мерење на очниот притисок со безконтактен тонометар а по потреба и соп апланатион и тонометар.
-Пахиметрија, ултразвучно мерење на деблината на роговицата.
-Скијаскопија, Кератометрија, офталмометрија
-Гониоскопија
-Преглед на очното дно со Голдман призма со три огледала.
-Тест за солзната секреција и промивка на солзните опатишта.
-Фотодокументација во боја на предниот очен сегмент.
-Испитување на бои по Ишихара
-Ласер фотокоагулација на очното дно
-ЈАГ Ласер капсулотомија и иридотомија
-Тестирање на бинокуларниот вид и булбомоториката, Синоптофор
-Консултативни прегледи од визитинг специјалисти.
-ОСТ

Во Поликлиниката за очни болести Офталмос се изведуваат совремни технолошко-стручни операции со локална анестезија, капки.
- Катаракта со ФАКО метода и комбинирано. Припремата вклучувајки ја и самата имплантација на ИОЛ е како ФАКО метода, а крајот на операцијата е конвенционален. Се употребуваат меки монофокални леќи.
- Глауком се оперира со Трабекулектомија.
- Операција на сите видови страбизми
- Птеригиум, надворешно перде
- Халазион
- Дакриоцисториностомија, со пластично цевче
- Сите видови пластични операции на очните капаци (тумори, ентропиум, ектропиум)

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернист во Поликлиника Интермед Арт. - 15%
Поликлиника „Интермед Арт“, ТЦ Антико
Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернис...
Уште 1 ден и 6 ч.
 
Кралски третман 3 во 1 во козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“ - 20%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Кралски третман 3 во 1 во козметички салон и центар за едукација ...
Уште 1 ден и 8 ч.
 
PF Face Lifting на лице - 23%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
PF Face Lifting на лице
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Шеќерна депилација на интима - 18%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Шеќерна депилација на интима
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Кислороден третман на лице - 23%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Кислороден третман на лице
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Тегови од 55кг
OnlineShopping Mk
Тегови од 55кг
Уште 1 ден и 8 ч.
 1 Купувач
Тегови од 45кг
OnlineShopping Mk
Тегови од 45кг
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Tегови од 25кг
OnlineShopping Mk
Tегови од 25кг
Уште 1 ден и 8 ч.
 
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска или релакс) - 33%
Салон за масажа „Серџо“
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска или релакс)
Уште 1 ден и 8 ч.
 4 Купувачи
Рафтинг авантура на Тара - Термин - 22.04 - 27.09.2024 год. - 45%
„Highlander“ - Кањон Дрина
Рафтинг авантура на Тара - Термин - 22.04 - 27.09.2024 год.
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Хиџама третман за грб - 35%
La Vita-Em
Хиџама третман за грб
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Powder Brows во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 42%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Powder Brows во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“
Уште 1 ден и 8 ч.
 
Освежителен третман за лице со RENERGIQUE'S професионална француска колекција - 51%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Освежителен третман за лице со RENERGIQUE'S професионална францус...
Уште 1 ден и 8 ч.
 1 Купувач