Добивате:
• 3 ноќевањa за двајца на островот Крф (Кавос) во апартмани “Metaxa“.
• Незаборавен летен одмор и уживање во песочните плажи и чистото море.
Појаснување:
• Купонот може да се користи почнувајќи од 01.05.2015 до 30.06.2015 и од 01.09.2015 до 15.10.2015.
• Сите резервации се во зависнoст од достапноста, затоа ви препорачуваме да си резервирате пред да го купите купонот.
• Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот за слободни соби на телефон или e-mail.
• Предрезервацијата за собата пред купување на купонот трае неколку часа.
• По добиениот потврден email на резервацијата може да си го купите купонот и да го испратите горниот код на купонот со REPLY на mailot со што ќе потврдите дека сте го извршиле плаќањето. Потоа ќе добиете ваучер од Velas Tours кој ќе го однесете при вашето пристигање во апартмани Metaxa.
• За дете до 5 години е бесплатно.
• За дете од 6 до 12 години се доплаќа 6 EUR од ноќевање. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• За секоја дополнителна ноќ се доплаќа 28 EUR. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• По 15.10.2015 купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓаат и сумата не може да биде вратена.
• Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќе ноќевања.
• Потребно е да го прикажете испечатен купонот по пристигнувањето во хотелот.
• Превозот не е вклучен во понудата.
• Користење на клима не е вклучено во цената.
• Потребна е претходна резервација на тел: +30 2310 512032 или на е-mail: info@velastours.com
Апартмани "Metaxa" Kavos, Крф
Апартманите се наоѓаат на само 100 метри од една од најубавите песочни плажи на островот Крф. Супермаркет, продавници, доктор и рент а кар се наоѓаат во близина на апартманите. Автобуска станица со превоз до целиот остров е на околу 5 минути пешачење оддалечена.
Собите се опремени со: сателитска ТВ, клима уред, кабловска, интернет пристап во спалната соба (достапни од 1 јуни до 30 септември), балкон, кујна (со фрижидер и садови), туш, WC, сеф, фен за коса, дневен сервис за чистење, крпи, постелнина. Собите се направени за две возрасни лица и едно бебе до 3 години (креветот за бебето не се наплаќа) или екстра кревет во соба (на дополнителен кревет се наплаќа). Морето е помалку од 1 минута пешачење од собата. 1 минута пешачење е и ноќниот живот. Медицински центар и лекар се наоѓаат од другата страна на улицата.
Базен (бесплатно користење на локалниот базен кој се наоѓа на помалку од 1 минута пешачење од Метакса апартмани), лежалки, чадори за сонце.
Паркинг: бесплатно (бесплатно користење на локалниот паркинг кој се наоѓа на помалку од 1 минута пешачење од Метакса апартмани).
Ресторанот има различен избор особено на италијански јадења, и е особено добро познат по своите пици со свежи маслинки. Исто така може да изберете од различните тестенини, стекови, грчка кујна и салати. ПОПУСТ за сите гости од Метакса Апартмани - 20% попуст на вечера во нашиот ресторан “OVEN PUB“.