300 ден. за медицинска масажа на грб и врат со AllgaSan производи. Искористете го попустот од 57% и ослободете се од болките во студио „АЛТЕРНАТИВА“

Со купување на овој ваучер добивате 8 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 700 ден.
    • Попуст 57%
    • Заштедуваш 400 ден.
  • 12 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  03.09.2015  до  31.10.2015 

Добивате:
• Медицинска масажа на грб и врат со AllgaSan производи со времетреање од 30 минути. 
• Кинезитерапевтски совет за вежби кои се специфични и потребни за подобар резултат кај вашиот проблем. Со овој ваучерот добивате и 20% попуст на кинезитерапевтски вежби и кинезиотапинг услугите.
• Ослободување од болките во вратот, грбот, преодот врат-грб, трапезиусите, рамениот појас, градните мускули и болки во рацете (особено надлактиците).
Појаснување:
• Задолжителна е претходна резервација на 078/ 429 - 295 или 02/ 6150 - 369.
• Доколку не го посетите салонот во закажаниот термин, ваучерот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат. Ако е потребно презакажување потребно е да се направи најмалку 24 часа пред веќе закажаниот термин.
• Понудата важи за мажи и жени.
• Масажата ја изведуваат физиотерапевти и професионално едуцирани масери со НПК сертификат за масажа.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.

 ул. Исаија Мажовски бр. 44 лок.6 населба Влае

(во близина на кулата во Порта Влае)

 тел. 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295
работно време:
пон - пет од 13:00 до 20:00 часот
сабота од 14:00 до 19:00 часот


 e-mail: 
info@studioalternativa.mk

 Facebook

  Потребна е претходна резервација на 02/ 6150 - 369 и 078/ 429 - 295


Студио „АЛТЕРНАТИВА“

Студио за масажи, мануелна терапија и едукација.
Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија.

Стресот и напнатоста се неминовен дел од секојдневниот живот на современиот човек. Најчесто се манифестираат со болки во вратот, грбот, преодот врат-грб, трапезиусите, рамениот појас, градните мускули и болки во рацете (особено надлактиците). Употребувајќи посебно избрани масажни техники за елиминација на болките и напнатоста во овие регии, ви нудиме 30 минутно задоволсто, уживање и релаксација.

Оригиналноста на масажите во Студио Алтернатива е тоа што кај нас пристапот е холистички и индивидуален за секој клиент. Масажата се состои од масажа на: грбот, вратот и рацете. Уникатната комбинација на класичната/шведска масажа и терапевтска масажа, со додавање на миофасцијални и длабокоткивни (deep tissue) техники, даваат посебен белег на оваа масажа во студио Алтернатива. Употребата на одредени техники од кинеската медицинска масажа- туина, како и употребата на вентузи, ја чини терапевтската масажа на грбот и вратот поефикасна. Освен релаксирачкиот и анти-стрес ефектот, оваа масажа е идеална и за терапевтски намени, кај лица со проблеми и болки во различни делови на грбот. За таа цел се потребни неколку третмани, најчесто 3-5, со што кај најголем број од нашите клиенти постигнуваме одлични резултати.

Ефектите на масажата ги зголемуваме со употреба на ароматизирани масла, најчесто со комбинација на портокал и еукалиптус. Етеричното масло од портокал е најчесто употребуваното етерично масло, кое има позитивно и благопријатно влијание на расположението, тонифицира, делува освежително и стимулативно, а е многу корисно и кај масна кожа и кожа со акни. Етеричното масло од еукалиптус има антимикробно, антисептичко, деконгестивно, антиинфламаторно и аналгетско дејство, што особено го зголемува ефектот на масажата.

Масажата влијае на човечкиот организам така што:
- ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата,
- ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите,
- ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,
- го релаксира нервниот систем, пред се со активација на автономниот нервен систем,
- со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и овозможува телото да се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот. Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално, а со терапевтските елементи во масажата се обидуваме да ги елиминираме или ублажиме болките и напнатоста во мускулите.

Терапевтската масажа на грбот и вратот се употребува кај следниве проблеми:
- Болки и вкочанетост во вратот
- Спондилоартрозни промени на рбетот
- Дископатии и дискусхернии
- Лумбаго и лумбоишијалгија
- Грч, напнатост и болки во мускулите на грбот и вратот.

Масажите ги изведува мануелен терапевт, физиотерапевт и едуциран масер. 

Студио „АЛТЕРНАТИВА“  e студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија. Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт,терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

Може да ве интересираат и следниве понуди:

Tons Garden Стол на расклопување 10099 - 32%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Стол на расклопување 10099
Уште 2 дена и 19 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 9907 - 15%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 9907
Уште 2 дена и 19 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 631225 - 22%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 631225
Уште 2 дена и 19 ч.
 
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007 - 17%
OnlineShopping Mk
Tons Garden Сет маса со 3 столици – 1007
Уште 2 дена и 19 ч.
 
Сет маса со 2 столици – 1008 - 16%
OnlineShopping Mk
Сет маса со 2 столици – 1008
Уште 2 дена и 19 ч.
 
Медицински третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Медицински третман на лице
Уште 2 дена и 19 ч.
 8 Купувачи
Дермаролер третман на лице - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дермаролер третман на лице
Уште 2 дена и 19 ч.
 3 Купувачи
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска  - 70%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Дијамантска микродермоабразија со вапазом и маска 
Уште 2 дена и 19 ч.
 5 Купувачи
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на кожата во 'Skin Solution' - 73%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Третман на лице од чист арган за ревитализација и хидратација на ...
Уште 2 дена и 19 ч.
 2 Купувачи
Колаген активатор третман на лице - 75%
Спец. орд. по дерматовенерологија „Skin solution“
Колаген активатор третман на лице
Уште 2 дена и 19 ч.
 11 Купувачи
Курс за Weight loss program specialist 
ИНСТИТУТ РС
Курс за Weight loss program specialist 
Уште 2 дена и 19 ч.
 2 Купувачи
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера од Параглајдинг Клуб Озон - 20%
Параглајдерски Клуб „ОЗОН“, Скопје
Тандем летање со параглајдер од Водно + снимање со GoPro камера о...
Уште 2 дена и 19 ч.
 1 Купувач
Масажа на лице + серум  - 25%
Ina Beauty
Масажа на лице + серум 
Уште 2 дена и 19 ч.
 
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty - 42%
Ina Beauty
Гел лак на нозе во салон за убавина Ina Beauty
Уште 2 дена и 19 ч.
 1 Купувач
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty - 40%
Ina Beauty
Обликување на веѓи во салон за убавина Ina Beauty
Уште 2 дена и 19 ч.
 1 Купувач