Првпат купувам
Повеќе поени
Подарок електронска картичка
Немам платежна картичка

Денот на вљубените во Будимпешта! Романтично доживување со вклучен превоз, 3 дена, 2 ноќевање во хотел со 3***, панорамско разгледување на градот и појадок за само 5146 ден. (83 евра) по човек. Искористете го попустот од 20% и патувајте со туристичката агенција „Camellia travel“

Со купување на овој ваучер добивате 28 "kupinapopust" поени. Купи како подарок
6450 ден.
0/1 Купувачи
 - 20 % 

Ваучерот е наменет за:

Туристичка агенција „CAMELLIA TRAVEL“

бул.Кочо Рацин 19/20
(спроти Олимписки базен)
1000 Скопје, Македонија
Телефон:
078/ 281 - 528

02/ 3232 - 916

02/ 3162 - 916
www.camelliatravel.com.mk
email: camellia@telekabel.net.mk
Facebook

Ваучерот може да се искористи:

од  14.02.2013  до  18.02.2013 

Услови:

Максимален број на ваучери по купувач: 5
На располагање има неограничен број на ваучери.

Добивате:
Автобуски превоз на дадената релација (A/C;TV;DVD;CD).
Сместување во хотел со 3*** на база 3 дена/ 2 ноќевања со појадок.
Разглед на Будимпешта со водич.
Придружник на групата.

Одлична опција за едно незаборaвно доживување.
Појаснување:

Термин: 14.02-18.02.2013

1 ден
Поаѓање во 17.00 часот, 14.02.2013 - четврток од пред Дрводекор (Holiday Inn), преку Србија ноќно возење со попатни одмори.           
2 ден
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на Будимпешта со водич: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската Тврдина... Пешта: Споменикот на Милениумот  или плоштадот на хероите, Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав и др. Сместување во хотел и краток одмор. Слободно попладне за прошетка низ центрот на градот по улицата Ваци. Ноќевање
3 ден
Појадок. Слободно предпладне. Факултативно крстарење со брод по реката Дунав  Mожност за организирана вечера, факултативно во национален ресторан Чарда. Враќање во хотел. Ноќевање
4 ден
Појадок. По појадокот посета на трговскиот центар “Тропикана” каде се наоѓа Тропикариумот-аквариумот богат со разни морки риби, животни и интересна флора и фауна. Враќање за Македонија ноќно возење со попатни одмори
5 ден
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
По купувањето на ваучерот задолжително посетете ја агенцијата „Camellia travel“ за да направите резервација и да потпишете договор за патувањето.

Важат општите услови на СКТМ и ТА Камелија Травел

Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување (задолжително) 200 денари
- Вечера во национален ресторан Чарда 30 евра (по желба)
- Крстарење со брод  по Дунав 15 евра (по желба)
- Влезници за културно историските споменици (по желба)


Туристичка агенција „Камелија травел“

Свети Валентин (најчесто и Денот на вљубените) е годишна прослава која се одржува на 14 Февруари со славење на љубовта и приврзаноста помеѓу интимните партнери. Денот е именуван според еден или повеќето ран христијански маченик наречен Валентин и е одреден од папата Гелазиус I во 500 год.п.н.е. Традиционално е ден на кој вљубените ја изразуваат нивната љубов меѓусебно со подарување цвеќиња,нудење слатки производи и праќање картички (познати како"љубовни"). Денот прво се поврзувал со романтична љубов во кругот на Геофри Чосер во Средниот век, кога традицијата бурно растела со искрена љубов. Поминете го овој ден на вљубените уживајќи во убавините на Будимпешта.

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2010 година во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот има големина од 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.

Почитувана како една од најубавите градови на Европа, нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот. Исто така други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.

Чувствувајте се удобно и патувајте со „Camellia Travel“.

ПОПУСТИ ДО ДУРИ - 90% НА
РАЗЛИЧНИ УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ
ПРИЈАВЕТЕ ГО ВАШИОТ E-MAIL
ЗА ДА НЕ ВЕ ОДМИНЕ НИТУ
ЕДНА ПОНУДА

ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ МОЖЕТЕ
ВАШИОТ E-MAIL ДА ГО ОДЈАВИТЕ
Живејте побогат живот!