Уживајте во новиот амбиент со спа центар на комплексот „ЕТНО СЕЛО“! 48% попуст или 1790 ден. за ноќевање за двајца со појадок + користење на услугите во новоотворениот спа центар (финска сауна, парна бања, солена соба, ладен туш (кофа), релакс соба)

Со купување на овој ваучер добивате 20 "kupinapopust" поени.

Истечено Купи како подарок
    • Симнато од 3410 ден.
    • Попуст 48%
    • Заштедуваш 1620 ден.
  • 9 Купувачи
  • Ваучерот може да се искористи:
    од  05.11.2014  до  05.12.2014 

Добивате:
Едно ноќевање за двајца во стандардна двокреветна соба.
Појадок за двајца.
Користење на услугите во новоотворениот СПА центар (финска сауна, парна бања, солена соба, ладен туш (кофа), релакс соба).
Одлична можност за уживање и релаксација.
Појаснување:
Задолжителна е резервација на телефоните 031/ 497 - 749 или 075/ 497 - 749
Џакузито и масажите не влегуваат во понудата. За нив се доплаќа дополнително во спа центарот.
При користење на услугата потребно е да го испечатите купонот од www.kupinapopust.mk
Доколку сакате повеќедневен престој во комплексот потребно е да купите повеќе ваучери.
Ваучерот може да се користи веднаш и истиот е со важност до 05.12.2014 година.

Етно Село “Тимчевски“
с. Младо Нагоричане
Куманово, Р. Македонија
(на 17 км оддалеченост
од Куманово)
Покажи ми го патот
e-mail
contact@etnoselo.com.mk
Тел:
031/ 497 - 749
075/ 497 - 749
Facebook
WEB

Потребна е претходна резервација на тел: 031/ 497 - 749 или 075/ 497 - 749


Комплекс „Етно Село Тимчевски“
Комплексот Етно Село “Тимчевски“, сместен во природно опкружување на реката Пчиња, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.
На оддалеченост од 14 км од Куманово на патот кон Крива Паланка, на површина од 30000 м2 се наоѓа комплексот Етно Село. Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.
Внимателно креираните содржини ќе ве однесат во една поинаква средина со вистински приказ на традиционалниот македонски начин на живот. Многубројните поставки се одлична прилика за запознавање со тоа.
Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.
Сето ова комплетирано со прекрасна национална македонска музика, ќе ви покаже колку е убаво да се биде во Македонија.

Летната бавча на Комплексот Етно Село на своите гости им овозможува пријатна и опуштена атмосфера.
Ресторанскиот дел ќе ве одушеви, нашата кујна ќе ви понуди незаборавна перспектива на македонските традиционални специјалитети.

Во склоп на ресторанската тераса има и традиционална фурна во која се приготвуваат голем број од специјлитетите на „Етно Село“.
Храната кај нас се подготвува и се служи во етно стил... Баница, зелник, проја во фурна, традиционална скара на жар за поголем мерак на гостите.

Ресторанот Етно Село ,,Тимчевски” е исклучителен по својот амбиент и со понудата на најквалитетни и незаменливи јадења од нашата традиционална кујна.
Нашето мени е богато со најразновидни јадења и пијалоци, а задоволството кое го пружа на нашите гости е наш приоритет.

Доколку сакате најубавиот ден од вашиот живот да го прославите во најубавиот амбиент,со одлична услуга и највкусната храна повелете во комплексот "ЕТНО СЕЛО Тимчевски" и уверете се во квалитет на она што го нудиме.
Нашиот Копмлекс е идеално место и одличен избор за организирање на: свадби, матурски, крштевки, родендени, коктели, приеми...започнете ја вашата авантура тука!



Сауна:
Зошто да избереме сауна? Затоа што сауната има позитивен релакс ефект, со самиот допир на телото со дрвото во сауната се зголемува Вашата психофизичка активност и се намалува напнатоста и уморот. Луѓето со векови уживаат во благодетите на сауна или туширање со врел воздух. Температурата во сауните се движи од 70 – 80’ а влажноста од 20-30%.  
Придобивките од посета на сауна се големи и тоа:
- Јакнење на имунитет
- Детоксикација на организмот
- Отклонување на ревматски болки
- Голем успех кај проблем со астма и бронхитис
- Прекрасна кожа
- Брзо опоравување од напорен и стресен ден


Парна бања:
Температура од 40℃ и влажност од 100 % е совршен третман за сите кои не можат да престојуваат во сауна, бидејќи Вашето тело постепено се загрева и во парната бања. Ја освежува Вашата кожа. Се препорачува на сите кои имаат проблем со дишните патишта, со циркулација и висок крвен притисок.


Солена вода:
Секојдневието и брзиот начин на живот ни наметнува разни вируси, алергии, па дури и хронични заболувања. Единственото природно и енергетско чистење кое Ви го препорачуваме е солената соба. 
Позитивните ефекти од користењето на истата се многубројни, меѓу нив најзначани се следниве:
- 40 мин. третман во солената соба заменува 4 дена поминати на море
- Третманот во солената соба ја подобрува психофизичката стабилност
- Го зајакнува имунитетот
- Помага кај бронхијални заболувања
- Најдобра инхалација за деца со хронична бронхопневмонија

Базени:
Ви обезбедуваме забавно окружување, вашите омилени пијалоци и храна додека се релаксирате на базенот. Уживајте заедно со вашите најмили во кругот на ова прекрасно место.



Детско игралиште





Зоолошка градина
Искористете го убавото време и овозможете им на вашите најмили јавање на коњи и пони коњчиња секоја сабота и недела.







Сувенирница
Сувенирите се подарок со стил, модерен и современ. Одберете со љубов и изненадете ги Вашите пријатели, роднини, бизнис партнери со сувенир од Етно Село и засекогаш останете им во сеќавање на оние на кои им ги подарувате.

Со секој купен сувенир, дел од средствата ги донирате за помош на децата без родители и лицата со хендикеп.





Може да ве интересираат и следниве понуди:

Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернист во Поликлиника Интермед Арт. - 15%
Поликлиника „Интермед Арт“, ТЦ Антико
Ин боди - комплетна анализа + специјалистички преглед од интернис...
Уште 19 ч. 3 мин.
 
Кралски третман 3 во 1 во козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“ - 20%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Кралски третман 3 во 1 во козметички салон и центар за едукација ...
Уште 20 ч. 30 мин.
 
PF Face Lifting на лице - 23%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
PF Face Lifting на лице
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Шеќерна депилација на интима - 18%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Шеќерна депилација на интима
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Кислороден третман на лице - 23%
Козметички салон и центар за едукација „Tropic Belleza“,Карп...
Кислороден третман на лице
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Тегови од 55кг
OnlineShopping Mk
Тегови од 55кг
Уште 20 ч. 30 мин.
 1 Купувач
Тегови од 45кг
OnlineShopping Mk
Тегови од 45кг
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Tегови од 25кг
OnlineShopping Mk
Tегови од 25кг
Уште 20 ч. 30 мин.
 
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска или релакс) - 33%
Салон за масажа „Серџо“
60-минутна микс масажа (стручна медицинска, спортска или релакс)
Уште 20 ч. 30 мин.
 4 Купувачи
Рафтинг авантура на Тара - Термин - 22.04 - 27.09.2024 год. - 45%
„Highlander“ - Кањон Дрина
Рафтинг авантура на Тара - Термин - 22.04 - 27.09.2024 год.
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Хиџама третман за грб - 35%
La Vita-Em
Хиџама третман за грб
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Powder Brows во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - 42%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Powder Brows во салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“
Уште 20 ч. 30 мин.
 
Освежителен третман за лице со RENERGIQUE'S професионална француска колекција - 51%
Салон за убавина „Body&Soul - beauty lounge“ - нас. Кисела В...
Освежителен третман за лице со RENERGIQUE'S професионална францус...
Уште 20 ч. 30 мин.
 1 Купувач