Добивате:
• 3 ноќевањa за двајца во Studios “Marialena“.
• Незаборавен летен одмор и уживање во песочните плажи и чистото море.
Појаснување:
• Купонот може да се користи почнувајќи од 01.09.2014 до 15.10.2014.
• Сите резервации се во зависнoст од достапноста, затоа ви препорачуваме да си резервирате пред да го купите купонот.
• Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот за слободни соби на телефон или e-mail.
• Предрезервацијата за собата пред купување на купонот трае неколку часа.
• По добиениот потврден email на резервацијата може да си го купите купонот и да го испратите горниот код на купонот со REPLY на mailot со што ќе потврдите дека сте го извршиле плаќањето. Потоа ќе добиете ваучер од Velas Tours кој ќе го однесете при вашето пристигање во Studio Marialena.
• За дете до 5 години е бесплатно.
• За дете од 6 до 12 години се доплаќа 6 EUR од ноќевање. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• За трето возрасно лице се доплаќа 9 EUR од ноќевање. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• За секоја дополнителна ноќ се доплаќа 27 EUR. Сумата ја доплаќате директно во хотелот.
• По 15.10.2014 купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓаат и сумата не може да биде вратена.
• Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќе ноќевања.
• Потребно е да го прикажете испечатен купонот по пристигнувањето во хотелот.
• Превозот не е вклучен во понудата.
• Потребна е претходна резервација на тел: +30 2310 512032, +30 2310 518015, +30 2310 281228 или на е-mail: info@velastours.com
• По информацијата дека има слободна соба во хотелот потребно е најкасно во рок од 24 часа да го купите ваучерот и да го испратите на е-mail како потврда на резервацијата.
Studios "Marialena" ** Халкидики
На растојание од 100 km од Солун и само 2 километри пред Neos Marmaras, на средината на Халкидики и најубавото крајбрежје на Sithonia ќе ги најдете Marialena Studios.
Нашите студија се специјално дизајнирани за комплетно уживање во вашиот одмор и се лоцирани во пријатна средина. Сите студија се опремени со се што ви е потребно за комплетно уживање и пријатен престој: кујна, приватна бања, телевизија, клима уред, приватен простран паркинг, градина со скара, веранда со бескраен поглед на природата и зеленилото, и секако кристално чистата морска вода.
Првата плажа на која можете да уживате е лоцирана на само 100 метри од студијата, потоа следат и прекрасните Paradise, Kalogria, Kovios и Agios Ioannis, сите од нив се само на 2-5 километри растојание од Marialena Studios.
Покрај прекрасниот поглед и кристално чистото море, на само 2 километри е лоциран и градот Neos Marmaras каде можете да најдете многу продавнички и да ги покриете дневните потреби, како и да се забавувате на локалните барови на плажа или ноќни клубови. Секако може да ја испробате и својата среќа во Porto Carras Casino.
Од пристаништето во Neos Marmaras има организирани дневни крстарења, тури преку кои можете да ги видите сите скриени убавини на малите островчиња и плажи. На само 5 километри растојание можете да ја посетите и Parthenon, традиционална грчка населба со уникатен поглед на целата ареа која изобилува со многу кафулиња и таверни.