Добивате:
• Пињата со изглед по Ваш избор на ликови, форми и бои.
• Полна пињата со слатки изненадувања(чоколади, крем банани, бомбони, лижавчиња, мастики, балони и конфети) со вкупна тежина од 1,3 кг.
• Возбудлива и неповторлива забава.
Појаснување:
• Производот се нарачува најмалку 5 дена пред забавата на телефонскиот број: 078 / 363 - 488
• Потрошувачи на пињати се луѓе на сите возрасти.
• Пињатите се полнат со слатки и/или предмети во зависност од желбата на потрошувачот како и типот на забава за која ќе бидат наменети.
• Пињатата е изработена од меки материјали безбедна за Вас и Вашите деца.
• Најчесто пињатите се користат за детски родендени, момински и ергенски вечери или за било каков вид на прослави.
Потребна е претходна резервација.
„РАДОСТ“
Можност на најсаканите да им понудите незаборавна роденденска забава. Изборот на игри, музика и кореографии варира и моментално се прилагодуваат според условите, заинтересираноста на децата, нивната возраст и целта која самата забава треба да ја постигне, а тоа е комплетна инволвираност и анимација на сите присутни при што секогаш посебен акцент се става на славеникот.
Професионалниот аниматор ова го постигнува со неколку прекрасно осмислени делови, рафинирани и еволуирани низ неговото 12 годишно искуство. Освен на детски родендени и забави низ цело Скопје има анимирано деца и низ цела Македонија. Децата ќе бидат среќни и позитивно изненадени затоа што нашиот аниматор е голем креативец.