Добивате:
• Ноќевање со појадок за две лица.
• Хотел кој располага со сопствен бесплатен паркинг простор.
• Уживање со бесплатно кафе во текот на целиот ден.
• Бесплатен Wi-Fi интернет, соба за багаж, градина со елементи за скара.
• Во хотелот е дозволено за домашни миленичиња.
• Посета на прекрасните природни топли бањи во северна Грција.
• Фантастичен одмор надвор од градскиот метеж со прекрасен природен пејсаж.
• Можност за раглед на целата природна убавина.
Појаснување:
• За искористување на попустот потребно е да се оствари минимум 2 ноќевања од страна на 2 лица, односно да се купат два ваучера.
• Пред купување на ваучерот, задолжително направете резервација на посакуваниот термин на тел.0030 6932970960 или на e-mail: almopia1@yahoo.gr (можете слободно да им се обратите на Македонски јазик).
• За повеќе дневен престој можете да купите повеке ваучери.
• За дете до 3 години е бесплатно за целиот престој, за дете од 3 години до 12 години се доплака 434 денари (7евра) и за дете од 12 години се плаќа 744 денари (12 евра) за целиот престој.
Покажи ми го патот
• Потребна е претходна резервација на almopia1@yahoo.gr
Хотелот „Almopia 3*“ има три ѕвезди и се наоѓа во местото Лутраки во северна Грција на само 100 км од градот Солун. Се наоѓа во подножјето на планината Vorras, со природни убавини и бујна вегетација, а опкружен е со голем број манастири, потоци и многубројни места совршени за прошетка и планинско пешачење. Almopia лежи на 300 метри од центарот на Лутраки Aridaias село.
Секоја соба располага со клима уред, плазма телевизор, фрижидер, балкон со прекрасен поглед кон природните убавини, WiFi. Хотелот располага со лоби бар со камин, прекрасно уредена градина со опрема за скара, фитнес центар, сауна, просторија за забава каде ќе уживате во еден куп друштвени игри, бесплатен паркинг. Хотелот се наоѓа на 560 км од Атина, 111 км од Солун. Хотелот се наоѓа во Лутраки, на 3 км оддалеченост од Пожар и 28 км оддалеченост ски центарот во Пела. Се наоѓа во подножјето на планинскиот масив, 300 метри оддалечен од центарот на Лутраки, опкружен со зеленило и недопрена природа во непосредна близина на црквата Св. Никола. На располагање ви се 20 климатизирани соби уредени со прекрасен рачно изработен мебел кој изобилува со комфор и чусвтво на вистински дом. Дополнителни услуги кои ги нуди хотелот се сауна, фитнес центар, џакузи итн.