Добивате:
• 2 ноќевања за 2 лица со појадок + ручек или вечера во супериор соба.
• Бесплатно користење на СПА центарот (фински сауни, парни бањи, солен базен).
• Бесплатно користење на ултра модерен фитнес центар.
• Бесплатен брз интернет насекаде во хотелот.
• Бесплатен паркинг со сопствено 24 часовно обезбедување.
• Бесплатно користење на Max TV.
• Одлична можност за релаксација за време на вашиот одмор.
Појаснување:
• Ваучерот може да се искористи веднаш.
• Процедурата за купување на ваучерот е следнава:
1. Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот: 042 22 33 00; 075 325 306 или на e-mail: reservations@radika.com.mk за да резервирате соба.
2. По потврдната информација дека има слободна соба, го купувате ваучерот.
3. Единствениот код од ваучерот го испраќате на е-mail на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте гo испратиле на e-mail на хотелот.
• За деца до 4 години е бесплатно.
• За деца од 4 до 12 години се доплаќа 1240 ден директно на рецепција во хотелот.
с. Леуново, Маврово
Покажи ми го патот
тел: 042 22 33 00
075 325 306
e-mail:
reservations@radika.com.mk
info@radika.com.mk
reception@radika.com.mk
www.radika.com.mk
facebook
• Потребна е претходна резервација на тел. 075 325 306!
Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.
Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен. Нашата мисија е на локално ниво да достигнеме врвен хотелски стандард, да ги надминеме очекувањата на регионалните посетители и да станеме прв избор, за нашите потенцијални корпоративни и приватни клиенти. Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.