Добивате:
• Медицинска парцијална масажа на грб и рамена + гратис ултразвук за отстранување на болките.
• Дефинирање на болката и стручен совет за лечење.
• Масажа од професионално лице со долгогодишно работно искуство.
• Пријатно чувство на опуштеност.
Појаснување:
• Потребна е претходна резервација на тел. 02/ 2744-493 или моб. 078/723-099.
• Ваучерот може да се користи веднаш.
• Понудата важи и за мажи и за жени.
• Потребна е претходна резервација на термин.
Салон за козметика и масажа “Будла“
Салонот постои 8 години. Покрај горенаведенита масажа нудиме и антицелулитна масажа, депилација, маникир и надградба на нокти, педикир, солариум, третмани на лице, детоксикација.
Масажата е една од најстарите методи и најдобар третман за чување на здравјето. Одмор за телото и умот. Главна вредност на масажата е непосредниот човечки допир.
Ако чувствувате болки во вратот, рамената, грбот, крстот тогаш оваа масажа е точно за вас. Се темели на ритмичко гмечење на мускулите со што дополнително се стимулира работата на внатрешните органи. Со масажата се ослобудувате од различниот вид на болка, пр: се намалуваат тегобите при артритис, фибромиалгија (хроничен умор), ишијас, лордоза, и проблеми кои настануваат како резултат на физичко оптоварување, старост или здрвеност, пример:неправилно држење на телото, прекумерно оптоварување на кичмата.
За Белевски Бранислав
Белевски Бранислав своите студии како физиотерапевт ги започнува 1972 во Словенија каде почна како масер на Југословенската Велосипедска Репрезентација каде што останува до 1982 кога преминува во ФК Вардар од Скопје се до 2001.
На многубројни пригоди добива признание како најдобриот масер на бившите YU простори, а не-ретко го фалеа како една од главните причини за успесите на шампионската генерација на ФК Вардар со Дарко Панчев, Илија Најдовски, Боби Бабунски, Чеде Јаневски, Драган Канатларовски и др.
Како приватен физиотерапевт има клучна улога во опоравувањето на голем број звучни спортисти, уметници, како и политичари, бизнисмени и други важни лица во нашата држава.