Добивате:
• Медицинска или релакс парцијална масажа на грб во времетраење од 30 мин.
• Ослободување од болките благодарение на познатото етерично органско масло Allga San од Dr. Theiss - 100% природен екстракт од планински бор во комбинација со рузмарин, еукалиптус, камфор и екстракт од планинска арника.
• Намалување на болките и напрегнатоста, поттикнување на циркулацијата во кожата и мускулите.
Појаснување:
• Задолжителна е резервација на 076/ 421 - 797
• Ваучерот може да се користи веднаш.
За да го добиете попустот потребно е да го купите купонот. Без прикажан купон ќе ви биде наплатена редовната цена на понудата. Како посредници при договарањето на понудите со цел да ви заштедиме, ние сме директно оштетени доколку ја искористите услугата без да го купите купонот. Максимално се трудиме да понудиме различен тип на понуди со реални заштеди и веруваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка.
Ул. Христо Смирненски бр.54-2/4
Покажи ми го патот
тел. 076/
421 797
02/ 6 091 - 245
e-mail:
kinezika@kinezika.com.mk
aleksandar@kinezika.com.mk
Facebook
Web
Задолжителна е претходна резервација на тел: 076/ 421 797 или 02/ 6 091 245
Физиотерапија и рехабилитација „КИНЕЗИКА“
Формите на физикална кинезитерапија кои што ги спроведуваме во Кинезика се:
- ласертерапија
-ултразвучна терапија
-електротерапија (дијадимамик, галван, интерферентна, ТЕНС и др.)
-инфрацрвено зрачење
- терапевтски вежби
- дишна гимнастика
- постурална реедукација
- проприоцептивен тренинг (PNF метод).
Медицинската масажа се применува за нормализирање на функциите на заболените органи и системи, при болки во рбетот, зглобовите, горните и долните екстремитети, спортски повреди, проблеми од невролошки карактер (парези, парализи, зголемен спазам на мускулатурата, екстрапирамидни симптоми), состојби после операции на срцето и друг вид операции, анемичност и општа омалаксаност, психолошки проблеми (неврози, депресии) и други состојби со нарушен баланс на организмот.
Преку овие услуги во Кинезика успешно се решаваат следните проблеми:
- болки во рбетот
- спондилози
- дископатии
- дискус хернии
- заболувања и повреди на зглобовите, мускулите, коските, нервите (артрози, замрзнато рамо, периартрити, болеста на Бехтерев и друго)
- корективна гимнастика при рбетни искривувања, сколиози, кифози, неправилно држење, рамни стапала и други постурални проблеми.
- кинезитерапија после скршеници на коски, операции на зглобови, спортски и други повреди.
- кинезитерапија во неврологија, мозочни удари, парези, парализи, Паркинсонов синдром, Мултиплекс склероза и други заболувања.
- кинезитерапија после операции на срце и други операции на стомакот и градниот кош.
- кинезитерапија при омалаксаност, анемичност, психички проблеми (неврози, депресии) и др.