Добивате:
• Интезивен едукациски и искуствен тренинг по емоционална пименост наменет за психолози, педагози, дефектолози и социјални работници, како и студенти од истите области.
• Подигање на нивото на емоционална свесност.
• Оспособување на едукантите за самостојно применување на вештините на емоционална писменост во емоционалнот описменување на другите.
• Усвојување на основните поими од Трансакциона анализа значајни за Тренинигот по емоционална писменост.
• Сертификат од Гравитрон – Центарот за едукација и обуки, за поминати 40 часа тренинг за емоционална писменост.
Појаснување:
• По купување на ваучерот кандидатите да се јават во Центарот поради формирање на групите.
• Групите бројат од 6 до 10 члена.
• Времетраење на тренингот е 5 недели (5 целодневни работилници по 8 часа, вкупно 40 часа или во договор со групата тренингот може да трае 10 недели односно 10 работилници по 4 часа, вкупно 40 часа).
• Цената на целосниот тренинг по емоционална писменост, односно пет работилници (вкупно 40 часа) е 5000 денари, а со купување ан ваучерот Вие ја добивате првата работилница со 50% попуст.
• По купување на ваучерот кандидатите да се јават во Центарот поради формирање на групите.
Центар за едукација „ГРАВИТРОН“
Работилниците за родители се одржуваат преку целата година, еднаш во неделата (по 2 часа), каде со учење на вештините за емоционално описменување може да научите како да бидете подобар родител, односно со примена на емоционално писмен пристап кон вашето дете да создадете емоционално писмено дете со поголема самодоверба и позитивна слика за себе.
Најчето децата учат како да постапуваат во однос на емоциите од своите родители и од другите луѓе околу нив. Откако еднаш ќе се прифатат овие навики стануваат обрасци или сценарија за тоа што е животот и каков ќе биде тој. Ако не се направи нешто за да се сменат тие, овие сценарија можат да траат цел живот: Детето што е често тажно и уплашено може да стане депресивен возрасен; детето што научило да ги потиснува солзите може да стане возрасен со тврдо срце, детето пак што не може да ги контролира своите напади на бес може да стане подложно на зависничко однесување кога ќе порасне. До стекнување на емоционално писмените вештини во односот со вашите деца, може да дојдете станувајќи дел од работилницата за родители каде заедно со други родители и стручно лице ќе научите да бидете подобри родители.